person-photo

Ohridija PetrovskaAccount department

Регулирање и следење на тековното работење. Основно познавање во презентација на понуди.

person-photo

Elena DrenkovskaSales manager

Соработка со агенции во земјата и странство. Соработка со хотели, изработка, презентација и реализација на аранжмани, хотели и вили

person-photo

Jana Srbinovska Booking department

Резервации во земјава и странство. Соработка со хотели, изработка, презентација и реализација на аранжмани, хотели и вили

person-photo

Milena PetrovskaIT department

Изработка и ажурирање на вебстрана. Маркетинг и објава на понуди, социјални мрежи. Основно познавање во презентација на понуди.

Туристичка Агенција Ваикики Травел / Turisticka Agencija Waikiki Travel / Travel Agency Waikiki Travel

Лиценца

“A”

Waikiki logo plavo-visoka rezolucija-01

LogoSKTM-120

Туристичката агенција Ваикики Травел е формирана септември 2013 година во централниот регистар на РМ и поседува валидна лиценца А за туристичко работење, издадена од надлежноното Министерство за економија на РМ. Нашиот тим во моментов брои 5 редовно вработени лица и поголем број на надворешни соработници. Нашиот кадар е високо образован и стручен во областа на туристичкото работење. Креативната енергија, ентузијазмот и подлогата од богатото работно искуство во земјава и странство, се рамката низ која се движиме. Императив во нашето работење се постојано ажурирана и најдобра понуда на пазарот со најконкурентни цени, поткрепена со јасна, прецизна и реална презентација на услугата која се нуди. Кај нас секој еден ќе најде одговор на сите туристички прашања, љубезност и ненаметливост преточена во еден срдечен однос кон сите наши сегашни и идни комитенти. Нашиот тим постојано го следи современиот тренд во туризмот, преку постојана надградба во  својот кадар, современа технологија и имплементирање на најдобрите системи за работа.

Нашата понуда генерално вклучува редовни понуди, но и оние најинтересните за клиентите т.н. Early Booking или рана резервација, Last Minute или понуда во последен момент и специјални понуди преку кои, Вам клиентите ќе Ви биде овозможено да резервирате но и да заштедите истовремено.

Нашиот тим е спремен да ги пресретне сите Ваши туристички барања и Ве покануваме слободно да не контактирате било за Вашиот летен или зимски одмор или каков и да е одмор, можеби за промена ќе бидете пресретнати од една поинаква срдечност и понуда на која не сте биле навикнати претходно 🙂

Во моментов нашата агенција ги опфаќа примарно следниве туристички услуги:

ЛЕТУВАЊЕ

*Организирани и индивидуални аранжмани во Грција. Гарантирани соби во фиксен закуп со инстант кофирмација, како и најголем и најдобар избор на хотелско сместување на барање по гарантирано најдобри цени.

*Организирани чартер пакет аранжмани за Турција и Египет. Во рамките на нашата генерална летна понуда, редовно заземаме учество на чартер програмата за Анталија и Хургада имајќи на понуда голем број на хотели погодни за сечиј вкус и буџет.

*Индивидуални патувања кои може да вклучуваат сместување, превоз, трансфер, водич, како и рен а кар услуги низ цела Европа и светот, подготвени внимателно по Ваш вкус.

ЗИМУВАЊЕ

*Организирани и индивидуални аранжмани за Бугарија, во најпознатите зимски центри Банско, Боровец и Пампорово. Соби во фиксен закуп и огромна понуда на хотели на барање, по најдобри цени на пазарот.

*Индивидуални аранжмани кои може да вклучуваат сместување, превоз и ски пас по познатите ски центри во Европа.

ПРАЗНИЧНИ И ВИКЕНД АРАНЖМАНИ

*Дел од нашата генерална годишна понуда се успешно реализираните празнични и викенд патувања во регионот и европските метрополи. Бањите во регионот се нашиот претпознатлив производ и голем број наши патници веќе уживаа празнично во Соко Бања, Пролом Бања, Луковска Бања, Врњачка Бања, Термал Врдник, Даруварски Топлици, Сандански, Банско и во многу други најдобри СПА и Велнес центри во регионот.

Дел од нашата генерална празнична понуда се  и организираните пакет аранжмани за Будва, Острог и Дубровник, Халкидики, Метеори, Солун, Лутраки, Лутра Едипсос и Атина, Венеција, Верона и Фиренца, монденскиот Азурен Брег, Истанбул, Будимпешта, Прага и Виена и уште многу други…

*Индивидуални аранжмани во регионот и пошироко. Станавме препознатливи по редовната годишна празнична понуда на хотелско или приватно сместување пред сè за Грција и бугарските планински центри за празници и продолжени викенди, погодни за сите оние клиенти кои патуваат со сопствен превоз.

ИНДИВИДУАЛНИ АРАНЖМАНИ

*Во склоп на нашето секојдневно работење, постојано изготвуваме индивидуални туристички понуди, согласно Вашите барања и планиран буџет за било кое место на земјината топка. Доколку сакате да патувате, ама не знаете каде, може слободно да не контактирате за предлози и сугестии.

ПРЕВОЗ

*Редовен автобуски превоз за време на летната сезона (од мај до септември) за туристичките центри во Грција.

*Редовен автобуски превоз за време на зимската сезона (од јануари до март) за туристичките центри во Бугарија.

*Редовна продажба на авио билети за сите дестинации во светот, како и редовна летна продажба на чартер билети по најдобри цени до островите во Грција.

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

*И за крај, за секој случај никогаш не заборавајте за било кое патување надвор од земјава, да понесете со себе задолжително патничко и здравствено осигурување кое ние го изготвуваме по убедливо најниски цени преку нашите пријатели Осигурување Македонија, односно Виена Иншуранс Груп.

Почитувани клиенти, пријатели и соработници,

Патувајте, уживајте и почитувајте ја туѓата култура, нација и домаќин, бидејќи единствено патувањето има тенденција да ги надмине сите човечки емоции и она што на крајот не прави вистински богати. Времето е кратко, а светот тоОолку голем 🙂