WaikikiWaikiki

City Break & Christmas Market БУДИМПЕШТА 21.11.2019 – 24.11.2019

Ве покануваме на кратко викенд City Break патување кое ќе Ве одведе низ уличките на убавицата на Дунав,  Будимпешта. Како еден од најубавите градови во Европа, Будимпешта е горда на своето светско и културно наследство, двата брега на реката Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото кое што претставува второ најстаро метро во светот, втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент (најголем во Европа) според кој е направен и парламентот во Лондон. Во комбинација со боите на еден од најубавите божиќни пазари во Европа, предновогодишниот Адвент во Будимпешта, изобилство од бои, вкусови и мириси кои вистински ќе Ви ја стоплат душата оваа есен!

Препорачуваме топ 10 места од интерес:

  1. Буда Замокот и Замокот Хил
  2. Парламентот
  3. Св. Стефан
  4. Рибарскиот Бастион
  5. Црквата Матиас
  6. Плоштадот на хероите и споменикот Милениум
  7. Унгарскиот национален музеј
  8. Градскиот Woodland парк
  9. Островот Маргарет
  10. Божиќниот Пазар

Предлог програма:

1 Ден 21.11.2019 (четврток)

Лет на релација Скопје – Будимпешта. Пристигнување и индивидуален трансфер до хотел. Предлагаме разглед на градот: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матијас, Рибарската тврдина… Ноќевање.

2 Ден 22.11.2019 (Петок)

Појадок. Предлагаме посета на музејот на ликовната уметност, плоштадот на хериоите и споменикот Миленум, унгарскиот национален музеј, градскиот Woodland парк и островот Маргарет…Вечерта факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав.

3 Ден 23.11.2019 (Сабота)

Појадок. Предлагаме посета на Парламентот – најмаркантното обележје на градот. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите- Тропикариумот, Зоолошката градина или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот и сл. Вечерта, препорачуваме посета на прекрасниот божиќен пазар на Будимпешта и уживање во неговите вкусови, мириси и бои … Ноќевање. 

4 Ден 24.11.2019 (Недела)

Појадок. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот. Лет на релација Будимпешта – Скопје.

Пакет цена по лице:

Danubius Grand Hotel Margitsziget 4*

Deluxe Room (мин. 2 лица) 195/12.090мкд

Atlas City Hotel 3*

Standard Room (мин. 4 лица)

125/7.750мкд

Во цената на пакетот е вклучено:
– Авионски превоз на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со Wizz Air;
– Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8кг и максимални димензии 40x30x25 cm;
– Хотелско сместување во избраниот хотел на база 3 ноќевања со појадок .

Во цената на пакетот не е вклучено:
– Чекиран багаж од 20€ – 30€ по куфер по правец
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром (шатл бус 5€ по лице по правец – информативно)
– Доплата за туристичка такса на лице место на рецепција (1-2€ по лице од ноќ)
– Такси 30-40€ во еден правец за 2-4 лицa (информативно)

Напомена:
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
– За ова патување потребен е валиден пасош најмалку 3 месеци од датумот на враќање.