WaikikiWaikiki

8 Март Сандански

Хотелот Св.Никола 4* е поставен на самата пешачка зона во центар во Сандански.  Располага со 89 соби и апартмани, сите комплетно реновирани во модерен стил и нов мебел опремени со: ТВ, гардеробер, телефон, мини бар, Wi-Fi интернет, централна клима, купатило.. Гостите имаат на располагање затворен базен со термо-минерална вода, СПА центар, салон за убавина, сауна, фитнес, лоби бар, вински ресторан со тераса, снек бар, пијано бар, ресторан каде се служи појадокот (шведска маса), казино, паркинг.  

 

ПОЧИТУВАНИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА СААТНИЦАТА НА ПОАЃАЊЕ Е ПРОМЕНЕТА. НАМЕСТО 05.00 ЧАСОТ ЌЕ БИДЕ ВО 07.00 НА 06.03.2020

 

1.Ден 06.03.2020 (Петок)                                СКОПЈЕ – САНДАНСКИ 

Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем рано наутро во 06:30 часот, поаѓање за Бугарија во 07:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Ново Село кај Струмица со кратки попатни пауза за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Сандански во пладневните часови и сместување во Хотел Св. Никола 4*. Слободно време за одмор и индивидуални активности со можност за користење на услугите во хотелот (внатрешен базен со минерална вода, сауна, римска бања.. ). Ноќевање.

2.Ден 07.03.2020 (Сабота)             САНДАНСКИ  – МЕЛНИК  – САНДАНСКИ

Појадок. По појадокот заминување на посета и прошетка до најмалиот бугарски град Мелник. Градот е познат по специфичните песочни пирамиди и карпи кои го опколуваат, како и по својата архитехтура, така дури 96 од неговите куќарки се прогласени за културни споменици.  Слободно време за прошетка, разглед, можност за дегустација на вина. Попладне враќање во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот, или индивидуални прошетки, шопинг. Вечерта, можност за 8мо Мартовска свечена вечера со жива музика (факултативно). Ноќевање.

3.Ден 08.03.2020 (Недела)                     САНДАНСКИ – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило. Заминување за Македонија во попладневните часови, пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервација до 15.02.2020 – 75€/4.650ден

Редовна цена – 89€/5.518ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација,
– Сместување во Хотел Св.Никола 4* во двокреветни класик соби на база 2 ноќевања со појадок,
– Бесплатно користење на внатрешен базен со минерална вода, сауна, римска бања, Wi-Fi интернет,
– Организирана посета на Мелник,
– Туристичка такса,
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник .

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување,
– Факултативна 8 мартовска вечера со жива музика 15€,
– Индивидуални трошоци.

Важни напомени и услови:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.