WaikikiWaikiki

8 Март Лутра Едипсос – Евија

Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори во море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.

Програма на патување:
1. Ден 06.03.2020 (Петок) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем во 01:30 часот, поаѓање за Евија во 02:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (возење 30мин) и пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотелот Лито лоциран во центарот на Едипсос. Краток пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се вливаат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 07.03.2020 (Сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечерта, организирана осмомартовска вечера со забава.

3. Ден 08.03.2020 (Недела) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време поаѓање кон Агиос Кампос, качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена за резервација до 15.02.2020 – 99€/6.138мкд
Редовна цена 109€/6.758мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во Хотел Лито 3* лоциран во центарот на Лутра на база 2 ноќевања;
– Исхрана на база на полупансион (појадок и вечера);
– Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;
– Осмомартовска забава
– Организација и реализација со туристички придружник;
– Туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување (информации во агенција);
– Факултативна посета на Прокопи 10€;

Попусти и опционални доплати:
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта);
– Доплата за еднокреветна 30€/1.860мкд од цената на аранжманот;
– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот;
– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд;
– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд;
– Доплата за дополнително седиште во автобус 50€/3.100мкд.

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Ваикики Травел.