WaikikiWaikiki

8 Март Луковска Бања – Копаоник

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Програма на патување:
1.Ден 06.03.2020 (Петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај Хотел ВИП, поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Околу пладне пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Јелак 4*. Ручек. Слободно попладне одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 07.03.2020 (Сабота) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Време предвидено за одмор, релаксација, користење СПА и индивидуални активности. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на базените со термална вода. Свечена осмомартовска вечера со забава и жива музика. Ноќевање.

3.Ден 08.03.2020 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.02.2020 – 125€/7.750мкд
Редовна цена 135€/ 8.370мкд

Цената вклучува:
– Автобуски превоз на наведената релација;
– Сместување во Хотел “Јелак 4*” на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса);
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера класично послужување);
– Свечена осмомартовска вечера со жива музика
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C ;
– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона);
– Туристичка такса,
– Организација и реализација со туристички придржник.

Цената не вклучува:
– Задолжително патничко осигурување
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи.. )

Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860мкд
– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% (на барање)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620мкд (мин. 2 седишта)
– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170мкд

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето не подоцна од 7 дена пред поаѓање.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање или валидна лична карта.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.