WaikikiWaikiki

8 Март Азурен брег

Програма на патување:

1.Ден 06.03.2020 (Петок)                          СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 9 30ч.  Поаѓање во 10:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2.Ден 07.03.2020 (Сабота)                                   МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Одиме на организиран разглед на градот(факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки . Сместување во хотел. Ноќевање.

3.Ден 08.03.2020 (Недела)                             МИЛАНО – НИЦА  

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови и започнуваме со прошетка низ стариот дел на Ница: кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки…Ноќевање.

4.Ден 09.03.2020 (Понеделник)                   НИЦА – АНТИБ – КАН

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината…   Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање. 

5.Ден 10.03.2019 (Вторник)            НИЦА – ЕЗ  –  МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на Монте Карло со познатите коцкарници.Слободно време за посета на казината. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6.Ден 11.03.2020 (Среда)                                           СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 31.01.2020 – 199€ / 12.340 ден

                    Редовна цена 219 € / 13.580 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
– Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
– Сместување во Ница во хотел 2*/ 3* на база 2 ноќевања со појадок,
– Разглед на Ница,
– Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
– Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжително патничко осигурување 210 мкд, ( за лица до 60 год)
– Разглед на Милано – пешачка тура со локален водич (10€)
– Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (25€)
– Посета на Кан и Антиб (35€)
– Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
– Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
– Влезници за културно историски споменици, музеи.
– Билети за јавен превоз
– Доплата за еднокреветна соба  4,650 ден

НАПОМЕНИ:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Попустите не се комбинираат
– Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ВАИКИКИ ТРАВЕЛ
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.