WaikikiWaikiki
Forgot password?

24ти Мај Ханиоти – Calypso Hotel

Програма на патувањето:

1.Ден 24.05.2019 (петок)                              Скопје – Ханиоти
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 03.30 часот. Поаѓање за Грција во 04.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Ханиоти и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и одмор. Ноќевање.

2.Ден 25.05.2019 (сабота)                                   Ханиоти
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки, релаксација и одмор. Ноќевање.

3.Ден 26.05.2019 (недела)                           Ханиоти – Скопје
Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за поаѓање кон Македонија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Хотел Calypso 2+* Ханиоти
Цена по лице за резервации до 15.05.2019

Тип на соба

Цена по лице Капацитет Услови за деца и 3то лице

1/2 eco GF (сутерен)

49€/3.038мкд 2+1

Дете 2-6год. – 25€/1.550мкд

Дете 6-12год. – 39€/2.418мкд

1/2 STD (кат)

59€/3.658мкд 2+1

Дете 2-6год. – 25€/1.550мкд

Дете 6-12год. – 39€/2.418мкд

1/3 eco GF (сутерен)

65€/4.030мкд 3+0

3то лице – 45€/2.790мкд

 

1/3 STD(кат)

 

69€/4.278мкд

 

3+1

Прво и второ дете 2-12год. – 39€/2.418мкд

3то лице – 45€/2.790мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Calypso 2+* во Ханиоти на база 2 ноќевања со појадок
– Користење надворешен базен
– Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување 124ден
– Туристичка такса 1,5€ по соба од ноќ доплата на рецепција во хотел

НАПОМЕНИ:
– За ова патување Важат Општите Услови на СКТМ и Ваикики Травел
– За патувањето потребен е валиден пасош минимум 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За реализација на овој аранжман потребен е минимален број од 40 патници.
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.