WaikikiWaikiki

Солун, Паралија, Метеори 23 ти Октомври (Автобус)

Програма на патување:

21.10.2017 (сабота) Скопје-Солун-Паралија

Состанок на групата рано наутро и поаѓање за Грција во 05.00 часот. Пристигнување во Солун, индивидуални прошетки и разгледи. Патувањето продолжува кон Паралија. Пристигнување и сместување во хотел со 3*. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, можност за факултативна организирана забава во грчка таверна. Ноќевање.

22.10.2017(недела) Паралија-Метеори-Скопје 

Појадок. Напуштање на хотелот и поаѓање за Метеори. Разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите-наречени метеори, кои настанале пред околу 60 милиони години. По враќањето од Метеори следи посета на фабриката за злато и икони во Каламбака. Посета на црквата Св.Петка Римјанка. Заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 50 €/3.100 мкд 

Во цената на аранжманот е вклучено:

-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
-Сместување во хотел со 3* на база 1 ноќевање со појадок
– Организирана посета на Метеори
– Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Задолжително патничко и здравствено осигурување 75мкд по лице
-Факултативна забава во таверна 20евра
-Влезница за метеори 2-3 евра

НАПОМЕНИ:
– За реализација на програмата и факултативите потребен е минимум од 40 патници.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу до 5 дена пред поаѓање.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.