WaikikiWaikiki

Солун, Лутраки 23 ти Октомври (Автобус)

Програма на патување:

Прв ден:21.10.2017 (сабота) Скопје-Солун-Лутраки

Состанок на групата и поаѓање на групата кон Грција во раните утрински часови. Пристигнување во Солун, слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Патувањето продолжува кон трговскиот центар Космос. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Лутраки, пристигнување и сместување во хотел 3*. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, можност за факултативна вечера со музика. Ноќевање.

Втор ден: 22.10.2017 (недела) Лутраки-Воден-Скопје 

Појадок. Организирано заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на базените со топла термална вода и прекрасна можност на отворено да се релаксирате во минералната вода со температура од околу 37 степени. Во пладневните часови заминување на групата кон Воден. По пристигнувањето, разгледување на водопадите и слободно време за индивидуални активности во центарот на градот. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 50 €/3.100 мкд 

Во цената на аранжманот е вклучено: 
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување  во хотел 3* во Лутраки на база 1 ноќевање со појадок
– Посета на Солун и Воден
– Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не e вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Користење на базените и бањите со топла термална вода
– Факултативна вечера 15-20 евра (незадолжителна)

НАПОМЕНА:
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.