WaikikiWaikiki

8 Март Соко Бања

Програма на патувањето:

1.Ден 6ти Март (Петок) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Традиционален коктел за добредојде и сместување. Ручек. Краток одмор од патување и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Соко Бања со локален водич: Mилошевиот Конак, Tурското купатило, црквата Св. Преображение… Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 7ми Март (Сабота) СОКО БАЊА
Појадок. Заминување на организирана претпладневна прошетка со локален водич до излетничкото место Лептерија и стариот Соко Град. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Можност за користење на Велнес и СПА услугите на хотелот. Вечерта, свечена 8мо Мартовска вечера со жива музика и неограничени пијалоци. Ноќевање.

3.Ден 8ми Март (Недела) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времете предвидено за заминување. Заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.02.2020: 79€/4.898ден

Трето лице: 69€/ 4.278ден 

Редовна цена по лице:  99€/6.138ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Бањица 3* во Соко Бања на база 2 ноќевања
– Исхрана на база полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера сет мени
– Свечена 8мо мартовска вечера на 07.03.2020 со жива музика и неограничени локални пијалоци (мeни за свечената вечера: ладно предјадење, пита зељаница со кисело млеко, скара – 2 парчиња 400гр, домашна погача, сезонска салата, баклавa)
– Организиран разгледи со локален водич до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград
– Користење на базен – џакузи на хотелот со термо минерална вода
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување 75ден за лица до 65год, 298ден за лица над 65год.
– Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од даумот на враќање, или валидна лична карта.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови. Организаторот го задржува правото да го промени текот на излетите во случај на потреба, или истите да ги откаже при неповолни временски услови.
– Ценати се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност  по курс 1€=62мкд.

Коментари од претходни патувања за Сокобања