WaikikiWaikiki

Пролом Бања, 8ми Декември (Автобус)

Пролом Бања, Србија
петок, декември, 8, 2017
2FB
13
89€

Hotel Radan 3*

Пакет аранжман со Автобус, Појадок, Ручек, Вечера и Разгледи

89€
по лице

Распродадено

Надминат бројот на лица

1. ДЕН – > 08.12.2017 ПЕТОК СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Поаѓање за Србија во раните утрински часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања. Сместување во хотел „Radan“ со 3* (www.prolombanja.com) во двокреветни соби. Ручек.

Слободно попладне за индивидуални активности, можност за 2 часовно користење Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидаријум. Вечера. Ноќевање.

2. ДЕН – > 09.12.2017 САБОТА ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. По појадокот организиран излет до местото „Ѓавоља Варош“ – мистичен споменик на природата, избран во ТОП 77 во изборот за „Седум светски чуда на природата“ околу кој се исплетени повеќе легенди (www.djavoljavaros.com).

Враќање во хотелот. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки, можност за користење внатрешен базен со лековита Пролом вода. Вечера. Ноќевање.

3. ДЕН – > 10.12.2017 НЕДЕЛА ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелските правила. Посета со локален водич на единствената црква – брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феномен- 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе.

Заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот

ХОТЕЛ “Radan 3*

За резервација до 20.10.2017

89€/5.520мкд
Редовна Цена

99€/6.140мкд

Дете  0-5

25€/1.550мкд

Дете 5-10

50€/3.100мкд

Цената вклучува:

– Автобуски превоз Скопје – Пролом Бања – Скопје
– Сместување во Хотел “Radan 3*” на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера;
– 2 часовно користење Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидаријум;
– Користење внатрешен базен со лековита Пролом вода;
– Излет до “Ѓавола Варош”: влезница и локален водич
– Излет до црквата Лазарица во Пролом Бања со локален водич
– Бањска Такса

Цената не вклучува:
– Задолжително патничко осигурување 75мкд по лице
– Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.