WaikikiWaikiki

Пролом Бања, Водици (Автобус)

Хотелот “Radan” е сместен во Пролом Бања. Располага со модерен Wellness и Spa центар, гостопримлив персонал, ресторан, кафе бар во близина на Спа центарот, игротека за деца во близина на спа центарот и кафе бар на третиот кат во главната зграда со прекрасна панорама.

Велнес центарот Пролом Бања претставува ексклузивен комплекс во кој на природен начин се постигнува баланс на телото, умот и духот. Сите благотворни својства кој ги содржи лековитата Пролом вода, се во Ваша корист за уживање, опуштање и ослободување од секојдневниот стрес.

Базените се со минерална Пролом Вода. Температурата изнесува од 29 до 31 степен. Има три базени. Еден внатрешен целосно покриен базен. Еден базен со два дела покриен и отворен и еден надворешен базен кој не работи во зимскиот период.

Две солени соби. Воздухот е заситен со најфините честици на сол со бројни микроелементи кој позитивно влијаат на човечкиот организам. Престојот во солена соба позитивно влијае на одстранување главоболки, јакнење на имунитетот, дишењето и работата на срцето

Простор со клупи загреани од 37 до 39 степени, приближно до температурата на телото. Така се постигнува телото да издвојува топлина колку и прима. Истовремено, крвните садови се шират со што се појачува крвотокот и со самото тоа се засилува имунитетот.

или амам е третман во топол простор со пара која потикнува зноење и ослободува телесни тоскини. Препорачливо е од 10 до 20 минути.

Високи темератури како би можело да се опуштат мускулите и да се предизвика обилно зноење и исфрлање на токсини од телото.

за опуштање и релаксација.

Во Продажба! ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1.ДЕН ->  19.01.2018  ПЕТОК СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Поаѓање за Србија во раните утрински часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања пречек од вработените на хотелот “Radan”.

Сместување во хотел „Radan“  (www.prolombanja.com) во двокреветни соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на внатрешен базен. Вечера. Ноќевање.

2. ДЕН – > 20.01.2018 САБОТА ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Можност за користење на спа услугите на хотелот. Време предвидено за одмор релаксација и индивидуални активности. Предлог: 30

минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи базените. Ручек. Слободно време за индивидуални активности можност за користење на останатите Спа содржини. Предлог попладневно капење во внатрешно/наворешниот базен со прекрасна панорама кон падините на Радан, по капењето користење Тапидариум. Вечера.

3. ДЕН – > 21.01.2018 НЕДЕЛА ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелските правила. Посета со локален водич на единствената црква – брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феномен- 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  вечерни часови.

ХОТЕЛ “Radan 3*”
Цена на аранжманот Основен Пакет Wellness & Spa
За резервација до 25.12.2017 89€/5.520мкд 115€/7.130мкд
Редовна Цена 99€/6.140мкд 129€/7.998мкд
Дете  0-9 25€/1.550мкд 25€/1.550мкд
Дете 9-14 50€/3.100мкд 69€/4.280мкд
  • Цени изразени во евра за уплати во денари по курс 1 евро = 62 мкд.

Цената вклучува:

Основен Пакет
– Автобуски превоз Скопје – Пролом Бања – Скопје
– Сместување во Хотел “Radan 3*” на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера;
– 2 часовно користење Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидаријум (еднаш за време на престојот);
– Користење внатрешен базен со лековита Пролом вода;
– Излет до црквата Лазарица во Пролом Бања со локален водич
– Бањска Такса
Wellness & Spa Пакет
– Се што е вклучено во Основниот пакет
+ Користење на новиот Wellness центар: 5 сауни (3 фински, 1 био и 1 инфраред ), 2 солени соби, 2 џакузи базени, (со лековита Пролом вода и со солена вода), 2 парни купатила, Кнеип стаза, тепидариуми)
+ Една масажа од 30 минути на цело тело
+ Користење на новиот отворено/затворен базен со Пролом вода

Цената не вклучува:
– Задолжително патничко осигурување 75мкд по лице
– Индивидуални трошоци
– Масажи и останати СПА содржини надвор од вклучените во цена

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Излетите се во зависност со временските услови

Фотографии од реализираната тура на 08-10.12.2017 во Пролом Бања