WaikikiWaikiki

Велигден Војводина (Автобус)

Програма на Патување:

05. Април (Четврток) СКОПЈЕ – ТЕРМАЛ ВРДНИК
Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем во 23:30ч. Поаѓање за Србија во 00:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор и обавување на гранични формалности.

06. Април (Петок) ТЕРМАЛ ВРДНИК
Пристигнување во претпладневните часови во Термал Врдник и сместување во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности.

Бесплатно користење на рекреативни базени со термална вода и сауна. Вечера.Ноќевање.

07. Април (Сабота) НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. По појадокот организирано заминување кон главниот град на Војводина, Нови Сад, поставен на левиот брег на реката Дунав.

Организиран разглед со локален водич. Започнуваме со oбиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира прекрасна панорама на Нови Сад, продолжуваме со разглед на Плоштадот на Слободата каде се поставени Градското Собрание, Римокатоличката црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк…Слободно време за кафе или ручек. Во попладневните часови продолжуваме со попатна посета на живописното гратче Сремски Карловци,единствениот град изграден во ренесансен стил, познат уште и како Северен Ватикан.

Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во хотел во попладнените часови. Време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Можност за бесплатно користење на рекреативни базени со термална вода или сауна. Вечера. Ноќевање.

08. Април (Недела) ФРУШКА ГОРА
Појадок. По појадокот заминуваме на разглед и прошетката на националниот парк Фрушка гора, позната уште и како “Српската Света Гора” заради големиот број на манастири кои се лоцирани тука.

Шеснаесетте манастири на српската православна црква тука се подигнати како задужбини на српските владетели, откако во доцниот Среден Век под притисок на Турците, тежиштето на српското духовно и културно наследство е поместено на север. Разглед со локален водич на велелепните манастири распослани на нејзините падини: Врдник, Јазак, Мала Ремета, Ново Хопово,Старо Хопово… Враќање во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и индивидуални активности. Бесплатно користење на рекреативни базени со термална вода или сауна. Вечера. Ноќевање.

09. Април (Понеделник) ТЕРМАЛ ВРДНИК – ИНЏИЈА– СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Попатна посета на Фешн Парк Оутлет – Инџија. Можност за шопинг, кафе или ручек.

Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

FIRST MINUTE цена за резервации до 28.02.2018 – 115€/7.130мкд
Early Bookig цена за резервации до 15.03.2018 – 125€/7.750мкд
Редовна цена 135€/8.370мкд
3-то лице во соба – 15€ попуст

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Термал Врдник во двокреветни и трокреветни соби на база 3 ноќевања со појадок и вечера
– Бесплатно користење сауна и рекреативни базени со термална вода со температура од 32,8°C
– Организирана посета и разглед на Нови Сад со локален водич
– Попатна посета на Сремски Карловци
– Организирана посета на Фрушка Гора и манастирите со локален водич
– Попатна посета на Фешн Парк Оутлет – Инџија
– Туристичка такса
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување – 124ден по лице
– Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1еур=62мкд.
– За ова патување потребен е валиден пасош, минимум 3 месеци од датумот на враќање, или валидна лична карта.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на СКТМ и Ваикики Травел.

Нови Сад, Србија
петок, април, 6, 2018
3HB
40
115€

Termal Vrdnik

Пакет цена по лице со вклучен превоз, појадок и вечера, вклучени разгледи според програмата

115€

Распродадено

Надминат бројот на лица