WaikikiWaikiki

ЛУТРА ЕДИПСОС – Нова Година

Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори кои се вливаат во море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.

Програма на патување:

1. Ден 29.12.2019 (Недела) СКОПЈЕ – ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем во 01:30 часот. Поаѓање за Евија во 02:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на траект патување 30мин. Пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција Лутра Едипсос. Сместување во хотелот Лито лоциран во центарот на Едипсос. Краток пешачки разглед: пристаништето, променадата, хотелот Терма Сила сè до термалните извори кои се вливаат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.

2. Ден 30.12.2019 (Понеделник) ЕДИПСОС – АТИНА – ЕДИПСОС
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на лулката на демократијата и главниот град на Грција, Атина. Рано наутро поаѓање кон Атина, бродски превоз со траект од Едипсос до Аркица, пристигнување во Атина претпладне, состанок со локалниот водич кој ќе не запознае со Атина преку панорамски разглед на градот со автобус: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Панорамскиот разглед завршува кај Акропол, можност за индивидуална посета со водичот на Акропол со доплата на лице место. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ Атина. Враќање кон Едипсос преку мостот кај Халкида, главниот град на островот со автобуски превоз по должина на островот . Вечера. Ноќевање.

3. Ден 31.12.2019 (Вторник) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС – ДОЧЕК НОВА ГОДИНА 2020
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечерта, вечера и организирана новогодиншна забава со диџеј во хотелот.
ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА!!!

4. Ден 01.01.2020 (Среда) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. На пладне поаѓање кон Агиос Кампос, качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА цена по лице до 21.11.2019 – 139€/8.620 мкд
Редовна цена – 169€/10.480 мкд

Цените се дадени по лице за минимум 2 лица во соба.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во Хотел Лито 3* лоциран во центарот на Лутра на база 3 ноќевања;
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера);
Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;
Новогодишна забава со диџеј;
– Организација и реализација со туристички придружник;
– Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување – 100мкд за лица до 65год;
– Факултативна посета на Атина со локален водич – 30€ мин (минимум 30 пријавени);
– Факултативна посета на Прокопи 10€ (минимум 30 пријавени);
– Влезници по културно – историски музеи, индивидуални трошоци.

Попусти и опционални доплати:
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620мкд (мин. 2 седишта);
– Доплата за еднокреветна 30€/1.860мкд од цената на аранжманот;
– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот;
– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд;
– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд;
– Доплата за дополнително седиште во автобус 50€/3.100мкд.

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Ваикики Травел.