WaikikiWaikiki

8-ми Март, Врњачка Бања (Автобус)

1.Ден 09.03.2018 (петок) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 6.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања во пладневните часови и сместување во хотел.

Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки и разгледи. Предлог пешачки разглед посета на млечниот пазар, хотел Меркур, Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевања.

2.Ден 10.03.2018 (сабота) ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и активности или факултативно, посета на манастирот Жича, Краљево или користење на бесплатниот Велнес и СПА центар на хотелот. Вечерта, организирана свечена 8мо мартовска вечера со жива музика со вклучен еден пијалок за добредојде. Ноќевање.

3.Ден 11.03.2018 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ 
Појадок. По појадокот заминување за Македонија со попатна посета на манастирот Љубостиње. Спомен од српската кнеѓиња Милица позната како и царица Милица.

По посетата патот продолжува кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

РАСПРОДАДЕНО !

Цена: 85€/5.270 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел “Zepter 3*” на база 2 полупасиони
– Свечена 8мо мартовска вечера со жива музика и со вклучен 1 пијалок за добредојде
– Користење на Велнес и СПА центар на хотелот (внатрешен базен со минерална вода, џакузи, фитнес)
– 10% попуст на одбрана масажа
– Wi-Fi интернет
– Туристичка такса
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување (75ден)
– Индивидуални трошоци
– Факултативен излет Жича и Краљево (доплата 5 евра)

Напомени:
– За реализација аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање или валидна лична карта.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.

*Плаќањето се врши исклучиво во денари по курс 1 евро = 62 мкд.