WaikikiWaikiki

Водици Пролом Бања

Програма на патување:

1.Ден 17.01.2020 (Петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот пред хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 18.01.2020 (Сабота) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Појадок. Во 10.00 часот заминување на организиран претпладневен излет со локален туристички водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 19.01.2020 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.


Цена за резервации до 15.12.2019 – 99€/6.140мкд
Редовна цена – 109€/6.758мкд

Цените се дадени по лице за минимум 2 лица во соба.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера
– Користење на внатрешен базен со лековита Пролом вода
– Секојдневно користење на Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билљард, пинг понг, тенис, пикадо)
– Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
– Туристичка такса
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Индивидуални трошоци

Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден
– Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд
– Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд
– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% (на барање)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170ден

Важни напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.
– За ова патување важат Општите Услови на Патување на Ваикики и СКТМ.