WaikikiWaikiki

8 Март Венеција, Фиренца и Верона

Програма на патување:

1.Ден 05.03.2020 (Четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.Ден 06.03.2020 (Петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во претпладневните часови во Лидо ди Јесоло и заминување на разглед на градот на мостови и канали, Венeција: Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Доцна попладне враќање во Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Ноќевање.

3.Ден 07.03.2020 (Сабота) ФИРЕНЦА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање во хотел, пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

4.Ден 08.03.2020 (Недела) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон ВЕРОНА. Прошетка и разглед на градот на Ромео и Јулија: Арената, плоштадите Бра и Ербе, Виа Мацини, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5.Ден 09.03.2019 (Понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 15.02.2020 – 99€/6.138ден
(ценaтa важи со пријава на пакет факултативи 65€)
Редовна цена 129€/7.998ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок;
– Организирана посета на Венеција и Верона;
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување 124ден;
– Превоз со брод вапорето до Венеција – 20€;
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (мин. 30 пријавени);
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (1-2€ по лице од ноќ);
– Влезници по културно – историските знаменитости.

Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,
– Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта),
– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.

Важни напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.