WaikikiWaikiki

ВЕНЕЦИЈА, ВЕРОНА, ФИРЕНЦА 11ти ОКТОМВРИ

Програма на патување:

1.Ден 10.10.2019 (Четврток)                      СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на паркингот спроти саем во 14.30 часот. Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.Ден 11.10.2019 (Петок)                                    ВЕНЕЦИЈА 

Пристигнување во Италија во утринските часови. Кратка пауза за одмор и освежување, по што се упатуваме кон Пунта Сабиони. Качување на брод вапорето и трансфер до Венеција. Прошетка и разглед на Градот на Мостови и Канали: Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во договорено време враќање кон Пунта Сабиони. Упатување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Ноќевање.

3.Ден 12.10.2019 (Сабота)                     ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на срцето на Италија и бисерот на ренесансата, Фиренца или индивидуални активности и прошетки. Патувањето се одвива долж италијанската чизма со прекрасни попатни панорами и пејсажи. По пристигнувањето во Фиренца организиран разглед на градот со локален водич: Пјацале Микеланџело, Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за ручек или шопинг. Доцна попладне враќање хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4.Ден 13.10.2019 (Недела)                      ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување за Верона, градот на љубовта, градот на Ромео и Јулија.  По пристигнувањето прошетка и разглед: Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за ручек во некој од локалните италијански ресторани или шопинг. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5.Ден 14.10.2019 (Понеделник)                                         СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ПРОМО цена за резервации до 15.09.2019 – 99€/6.138ден

(цената е валидна со пријава на пакет факултативи од 65€)

Редовна цена 119€/7.378мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3*/4* во околина на Венеција на база 2 ноќевања со појадок
– Организирана посета на Верона
– Организација и реализација според програмата
– Лиценциран туристички придружник за цело време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување 124ден
– Факултативна посета на Венеција и превоз со вапорето до Венеција – 20€ (доплата на лице место)
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (доплата на лице место)
– Доплата за туристичка такса – 2€ од лице од ноќ (доплата на лице место)
– Влезници по културно – историските знаменитости

Попусти и опционални доплати:
– Попуст за 3то возрасно лице во двокреветна соба на дополнителен кревет -10% (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба – 60€ (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус (согласно слободните места во моментот на резервација) – 10€ (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус – 75€

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот, најдоцна до 7 дена пред патувањето.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање. Патниците се лично одговорни за валидноста на својата патна исправа.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– Пријавувањето на факултативите е при резервација во агенција, а плаќањето се врши на лице место во Италија, во евра.
– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 пријавени, организаторот го задржува правото при недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативите или иститете да ги откаже.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Цената на аранжманот е дефинирана во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.