WaikikiWaikiki

Венеција, Верона и Фиренца (Автобус)

Венеција, Италија
среда, мај, 23, 2018
2BB
20
129€

Хотел 3*

Пакет аранжман со Автобус за Венеција со ГРАТИС посета на Верона
На 23.05.2018 (среда) во 16:00ч спроти саем кај ВИП Хотел

129€
по лице

Распродадено

Надминат бројот на лица

Програма на патување:

1.Ден 23.05.2018 (среда) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот кај Борис Трајковски во 15.30 часот. Поаѓање за Италија во 16.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.Ден 24.05.2018 (четврток) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во пладневните часови и сместување во хотел во околината на Венеција. Кратко слободно време за одмор и освежување.Во попладневни часови организирана посета и разглед на Венеција: Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во хотел доцна попладне. Ноќевање.

3.Ден 25.05.2018 (петок) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре,крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи.Во попладневните часови враќање во хотел, пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

4.Ден 26.05.2018 (сабота) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕПојадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Панорамски разглед на градот: Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија … Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5.Ден 27.05.2018 (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

FIRST MINUTE цена до 30.04.2018 -129€/7.998ден
Редовна цена – 139€/8.618ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок
– Организирана посета на Венеција
– Организирана посета на Верона
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување 124ден
– Превоз со брод вапорето до Венеција – 15€
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (мин. 30 пријавени)
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (1-2€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските знаменитости

Напомени:
– За реализација аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата.
– Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
– Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање.
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.

Фотографии и Коментари од турата за Нова Година 2018 патувања ТУКА

Фотографии и Коментари од турата за 8-ми Март 2018 патувања ТУКА