WaikikiWaikiki

8-ми Март, Венеција, Верона и Фиренца (Автобус)

Венеција, Италија
четврток, февруари, 8, 2018
2BB
24
119€
119€

Хотел Centrale 3*

Пакет аранжман со Автобус
На 08.03. во 16:00ч спроти саем кај ВИП Хотел

119€
по лице

Распродадено

Надминат бројот на лица

Програма на патување:

1.Ден 08.03.2018 (четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти саем во 15.30 часот. Поаѓање за Италија во 16.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2. Ден 09.03.2018 (петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во пладневните часови и сместување во хотел во околината на Венеција. Кратко слободно време за одмор и освежување. Во попладневни часови организирана посета и панорамски разглед на Венеција: Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во хотел доцна попладне. Ноќевање.

3 ден 10.03.2018 (сабота) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање во хотел, пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден 11.03.2018 (недела) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Панорамски разглед на градот: Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија … Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5 ден 12.03.2018 (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Цена за резервации до 31.01.2018 119€/7.378ден
Редовна цена 129€/7.998ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Centrale 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок
– Организирана посета на Венеција и Верона
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување 124ден
– Превоз со брод вапорето до Венеција – 15€
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (мин. 30 пријавени)
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (1-2€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските знаменитости

Напомени:
– За реализација аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата.

Фотографии и Коментари од претходни патувања ТУКА