WaikikiWaikiki

Велигден Венеција, Фиренца, Верона со островите во венецијанската лагуна (3 ноќи)

1.Ден 25.04.2019 (Четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти саем во 14.30 часот. Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

2.Ден 26.04.2019 (Петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Ноќевање.

3.Ден 27.04.2019 (Сабота) МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање во Лидо ди Јесоло. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

4.Ден 28.04.2019 (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

5.Ден 29.04.2019 (Понеделник) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

6.Ден 30.04.2019 (Вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

FIRST MINUTE цена до 01.04.2019 – 139€/8.618ден
Редовна цена – 149€/9.238ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло на база 3 ноќевања со појадок
– Организирана посети на градовите според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување 124ден
– Организирана посета на Венеција со брод вапорето – 20€
– Факултативна екскурзија Мурано, Бурано и Торчело 35€
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€
– Доплата за туристичка такса (1-2€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските знаменитости

***Промо пакет за пријава на сите факултативи 85€ наместо 100€.

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
– Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
– Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата.
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.