WaikikiWaikiki

Велигден Велико Трново со Софија

1.Ден 27.04.2019 (Сабота)                         СКОПЈЕ – ВЕЛИКО ТРНОВО

Состанок на групата на паркингот спроти саем во 01.30 часот. Поаѓање за Бугарија во 02.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Деве Баир, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Велико Трново во претпладневните часови и доколку има можност сместување во хотел. Велико Трново или Трновград бил главен град во Второто Бугарско царство (крајот од 12 век до 14 век), административен, комерцијален и културен центар добивајќи епитети како “Кралицата на градовите”. Неговата уникатна локација  на трите ридови Царевец, Трапезица и Света Гора прави градот да биде еден од најубавите во Бугарија и допринесува за шармантниот изглед на градот и неговиот идентитет. Старите и современите градби нудат уникатен спој на архитектура. Едно од ретките места каде природата и она што е изградено од човекот функционираат во совршена хармонија. Заминување на пешачки разглед со локален туристички водич: Самоводската чаршија, улицата Генерал Гурко, црквата Св. Четириесет Маченици, Сарафкината куќа, Споменикот на Асеневци, црквата св. Димитрије Солунски, Куќата со мајмунчето и приказната позади неа… Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта организирана посета на православна црква во чест на Христовото Воскресение – Велигден. Враќање во хотел. Ноќевање.

2.Ден 28.04.2019 (Недела)                                       ВЕЛИКО ТРНОВО

Појадок. Ден предвиден за посета на Тврдината Царевец со локален туристички водич и вклучена влезница. Некогашното седиште на Второто Бугарко царство датира уште во 4200 п.н.е. Во 5 век, на тоа место се наоѓал византискиот град Зикидева, кој бил разрушен при инвазијата на Словените во 7 век. Во наредните векови, оваа место сè повеќе заживувало, а веќе во 12 век, Трново станал престолонина на Бугарија. Тогаш, на ова место биле изградени царскиот дворец и Патријаршијата, комплексот бил заштитен од ѕид со должина блиску 2 километри и ширина до 2,6 метри. Тврдината имала три порти, главниот влез, како и останатите два влеза биле реставрирани во 19 век односно 20 век. Во внатрешноста на дворецот постоела црквата Света Петка, во која биле откриени три сакрофази, каде биле погребени бугарски цареви. Моштите на царевите биле на тие места сè до паѓањето на Трново под Османлиска власт. Враќање во хотел. Време за слободни активности. Вечерта можност за уживање во спектакуларното аудио-визуелно шоу “Легендата за Трново”. Враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 29.04.2019 (Понделник)                               ВЕЛИКО ТРНОВО-СОФИЈА-СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и продолжување кон Софија. Пристигнување во Софија во пладневните часови и посета на шопинг центарот “Paradise Centar Mall”. Слободно време за шопинг, кафе или ручек. Во договорено време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01.03.2019 : 99 € (6.140 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 109 € (6.760 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз со автобус на наведената релација
-Сместување во хотел 3* во Велико Трново на база 2 ноќевања со појадок
-Разглед на Велико Трново со локален водич
-Посета и разглед на тврдината Царевец, со локален водич и вклучена влезница
-Организирана посета на аудио-визуелното шоу на ден Велигден (недела)
-Организирана посета на трговскиот центар “Paradise Centar”
-Лицанциран туристички придружник за време на патувањето
-Туристичка такса
-Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Факултативна вечера во ресторан
-Задолжително патничко и здравствено осигурување 100 ден

Напомени:
-За реализација аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање
-За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата.

Софија, Бугарија
сабота, април, 27, 2019
27.04-29.04.2019
20
99€
79€

Hotel 3*

Пакет аранжман со Автобуски превоз

99€
по лице

Распродадено

Надминат бројот на лица