WaikikiWaikiki

Будва со Острог 23 ти Октомври (Автобус)

Програма на Патување

1. Ден (20.10.2017) петок Скопје – Будва
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП хотел во 23:30 часот. Поаѓање за Црна Гора во 00:00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2. Ден (21.10.2017) сабота Св. Стефан – Будва
Пристигнување во Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, кратка пауза за разглед или кафе и поаѓање за Будва. Сместување во хотел Fineso 4* во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.

3. Ден (22.10.2017) недела Будва – Дубровник
Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Гејм оф Тронс“ денес, е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Будва. Ноќевање.

4ти Ден (23.10.2017) понеделник Будва – Цетиње –Острог – Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Острог. Манастирот на Василие Острошки, сместен во високо карпест предел претставува најголемото црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици. Основан е од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат во Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста. Патувањето продолжува кон Македонија, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 Цена на Аранжманот за резервации до 09.10.2017: 69€ / 4.280 ден.

Цена на Аранжманот за резервации од 10.10.2017: 75€ / 4.650 ден.

Трето Лице -30%

Четврто Лице -50%

Дете до 11,99 години со 2 возрасни -50%

Во цената е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Garni Fineso 4* во Будва на база две ноќевања со појадок
– Организирана посета на Манастирот  Св. Василие Острошки
– Посета на Св.Стефан
– Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Факултативна посета на Дубровник (10 евра, минимум 40 пријавени за реализација)
– Туристичка такса 1,5€ по лице на ден (доплата на лице место, на рецепција)
– Влезници по музеите и културно историските споменици
– Трансфер со комбе од долниот до горниот манастит во Острог (1 евро)
– Задолжително патничко и здравствено осигурување 100мкд

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– За овој аранжман важат Општите Услови за патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– За ова патување е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта
– Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари 1€=62мкд