Секогаш на интернет или на телевизија се сретнуваме со слики од прекрасни пејсажи, бескрајни песочни плажи и кристално бистра вода. Понекогаш не им веруваме на очите, а, сепак, тие места постојат некаде на светот. За да ве подготвиме за летото што доаѓа, решивме да ви ги претставиме десетте најубави плажи на светот според National Geographic.

sejsheli1. Сејшели

Еден од најмногу  фотографирани плажи во светот, бледо розовите  песоци  на Anse Source d’argent расфрлени низ островот Ла Диг, еден од 115-те делови  на овој архипелаг во Индискиот Океан. Песочните плажи светат наспроти  гранитните карпи во позадина, обликувани  во текот на времето и  од природата. Тиркизната  вода е релативно плитка  и заштитена од брановите на океанот со гребени.

maldivi2. Малдиви

Без разлика дали сонувате за  неколку  разгалени ноќевања во одморалиште со  четири ѕвездички или на пливање меѓу тропските риби околу  под вода, Малдивите се острови, каде што можете да ги доживеете двата сона одеднаш . Сечејќи го екваторот југозападно од Шри Ланка,  1102-та  острови што ги  сочинуваат Малдивите  формираат 26 атоли. Мекиот  воздух што го опкружува архипелагот ви создава убаво чувство дека некој нежно ве допира.

bora-bora

3. Бора Бора, Тахити

Ова е една од волшебните  острови што ја  сочинуваат Француска Полинезија во Јужниот Пацифик. Долг 18 милји (29 километри) , со бујна вегетација , островот лежи во заштитена  лагуна со бели песочни брегови.  Островот Бора Бора е уште познат како   “романтичен остров”, прекар ,кој се должи на  своите изолирани плажи, интимни хотели, и  тивката атмосфера.

hampton

4. Хемптон, Њуjорк

Едно од хип местата со супер опремено соби за луѓе со висок вкус, Хемптон може да се пофали со најубавите плажи на Лонг Ајленд. Недопреното крајбрежие започнува околу Саутемптон и се протега на исток до крајот на островот Монтаук. Дините создадени од ветерот и наталожените треви донесени од брановите, го одвојуваат ова место од Атланскиот океан.

lanikai5. Ланикаи плажа, Хаваи

Речиси еден километар прекрасни песочни плажи, палми кои се нишаат над белиот песок, бујна тропска вегетација и бескрајно сонце ја прават Ланикаи плажата една од најубавите плажи на Хаваите. Брегот е заштитен од блискиот корален гребен, што го прави сурфањето во овие води релативно мирно. Водата е секогаш зелена и совршена, како од разгледница.

nantuket

6. Островот Нантукет, Масачусетс

Најпопуларните плажи на овој северно-атлански остров се Сурфсајд и Чилдренс, каде водите се релативно мирни и има многу песок за сончање и за градење замоци. За поекстремно сурфање позната е плажата Мадакет, на која може да се види и прекрасно зајдисонце. Плажата Квиднет нуди единствен поглед на светилникот Sankaty Head.

fraser7. Островот Фрејзер, Австралија

Островот Фрејзер лежи на  сончевиот брег на Квисленд, 259 километри северно од Бризбејн и е најдолгиот песочен остров на светот со прекрасни плажи. Ова светско културно наследство е сон на секој еколог со своите 1664 квадратни километри недопрен рај на природата. Од песокот  како да изникнуваат тропските шуми со своите дрвја со илјадагодишна старост. Сместувањето на овој остров е приспособено за широк спектар на туристи, од еколозите и заљубениците во планинарење до најразгалените туристи.

st-bart

8. Островот Свети Барт

Свети Барт е  еден од многуте карипски острови, кој се издвојува со својата измешаност на францускиот  шарм и островската опуштеност. Со убавите затскриени плажи, француската кујна и благодетните хотели, ова тропско место е многу популарно во џет-сетот. Островото е долго 8 километри, има околу 20 плажи и мали заливчиња со пенлива морска вода и бел песок.

lakavi9. Ланкави, Малезија

Името Ланкави во превод значи земјата од нечиите желби, што до некаде  противречи на историските корени на овој остров, кој наводно некогаш бил прибежиште на пиратите. Денес е модерно прибежиште за оние кои сакаат да избегаат од секојдневието. Тука ќе најдете осамени бели песочни плажи и проѕирно чисти води и бујни зелени шуми.

kauna10. Плажата Кауна, Хаваи

Се наоѓа на Кохала брегот од најголемиот хавајски остров. Долга 0,4 километри, заоблена, со многу бел песок, палми и мирна, чиста и сина вода. Покрај сончањето и пливањето, тука може и да нуркате и да уживате во водените спортови. Но, треба да сте внимателни, бидејќи на оваа плажа нема спасители.

Доколку сеуште не сте одлучиле да посетите некоја од овие рајски плажи, тука можете да ја погледнете нашата понуда за летото што ни доаѓа!