patuvanje1

Минатата недела ви го претставивме првиот дел од советите за патување што секој треба да ги знае! Оваа недела ја завршуваме листата со нови корисни совети:

20) Користете јавен превоз. Брзо е, лесно, евтино и ќе ви понуди подобро доживување на авантурата. Само, пак ќе речам, земете м-а-п-а.

21) Користете мали шишенца за се’.  Тие се практични и зафаќаат помалку место од стандардните пакувања за домашна употреба. Паметно е со маркер да напишете дали во шишето има шампон или можеби детергент за миење алишта. Грешки се случуваат секому.

22) Понесете си ги оние обувки кои ви се најудобни. Појава на плускавци е последното нешто што ви треба.

23) Комуницирајте со локалното население. Најубавата плажа сигурно не е онаа која е најпозната. Локалното население ќе ви помогне да ги најдете најубвите места.

patuvanje2

24) Дознајте каде е вашата амбасада. Најсериозно. Едноставно бидете спремни на се’.

25) Запознајте ги тамошните закони. Мислите дека е непотребно? Ќе се уверите во спротивното доколку се осмелите пијани да шетате во Дубаи, или да плукнете гума за џвакање на јавно место во Сингапур.

26) Скенирајте го пасошот и останатите потребни документи. Копиите дајте им ги на вашите сопатници за да ви бидат при рака доколку ги изгубите оригиналите.

27) Научете по некој збор од јазикот кој се зборува таму. Зборувајте со локалното население, искусете ја нивната култура. Немојте да си дозволите само да лутате.

28) Научете им ги финтите на домаќините. На пример, тајландските таксисти ако ви кажат дека тој и тој ресторан е најдобар, така е најверојатно затоа што е на некој нивен пријател. Значи, научете им ги финтите, а потоа применете го правилото број 4.

29) Ценкајте се. Ќе заштедите пари. Не срамете се. Тие 4 долари или евра ви се едно кафе плус.

pratuvanje4

30) Научете ја најпростата географија на земјата. Нема полошо од патник кој не знае каде да се упати.

31) Научите како да користите компас. Звучи ектремно да, но може да е од корист.

32) Научете да јадете со стапчиња. Немојте да бидете од оние туристи што ќе побараат вилушка.

33) Обезбедете си патничко осигурување. Знам дека се подразбира, ама некои го занемаруваат.

34) Дајте си малку време да се одморите од летот. Не брзајте. На одмор сте, одмарајте.

35) Чувајте облека и неопходни средства за хигиена во рачната торба. Ќе ви се најдат доколку ви го изгубат багажот.

36) Истражете ги аеродромите. Убаво е да знаете како најбрзо да стигнете до излезот од терминалот.

37) Земете џемпер за во авионот. Ладно е поради климата.

patuvanje5

38) Носете дебели чорапи во авионот. Смрзнати стапала нема да ви дозволат да заспиете.

39) Задолжително понесете си апчиња против тегоби во стомакот. Никогаш не може да знаете како вашиот желудник би ја поднел локалната кујна.

40) Дознајте дали во земјата која ја посетувате се продаваат тампони. Во некои земји не се продаваат, и тоа градови во кои не би ви паднале на памет: Атина.

41) Проверете дали водата е за пиење. И не само за пиење, туку и за миење заби.

42) Потрудете се да ги запознаете правилата во сообраќајот. Ви се чинат универзални, но не се.

43) Бидете совесни. Внимавајте како се облекува локалното населени и почитувајте го тоа.

Тоа е листата на News.au. Се надеваме дека ви се допадна и дека овие совети ќе ви бидат од корист!

Тука можете да го причитате првиот дел од советите или пак да ја разгледате понудата за лето 2014 на Туристичката агенција Ваикики тука.