plaza1

Каде прво гледаат спасувачите кога дете ќе се изгуби на плажа? Како да ја отстраните болката кога ќе ве испече медуза? Како да се ослободите од песокот што ви се лепи на кожата? Еве некои корисни совети од читателите на Minitime:

1. Еден долгогодишен спасувач на плажа ни објасни дека девет од десет деца кога ќе се одвојат од своите родителите го следат патот на помал отпор од ветерот и затоа спасителите секогаш почнуваат да го бараат детето во правец на ветерот.

2. Ако сакате да го истресете песокот од вашата кожа, многу лесно ќе го направите тоа со пудра за бебиња и затоа е корисно да го имате во вашата торба за плажа.

3. Секој хотел има неколку соби подобри од другите и затоа направете напор да бидете љубезни кога ќе пристигнете на рецепцијата и кажете дека овој одмор е многу посебен за вас. Најчесто ќе завршите во една од најубавите соби на хотелот.

4. Оние кои сакаат да собираат школки треба да знаат дека на некои плажи, како што е на пример Сендстин во Флорида, собирањето на живи школки може скапо да ве чини затоа што е тоа забрането и паричните казни се многу високи.

SONY DSC

5. Ако сте љубители на песочни плажи, а немате многу пари, може да се заштеди и до 1000 долари ако морето го замените со некое големо езеро каде исто така има прекрасни песочни плажи.

6. За да ја намалите болката кога ќе ве испече медуза, земете со вас шише со оцет.

7. Секогаш кога одите во популарни одморалишта не  пропуштајте да ги разгледате брошурите во хотелското лоби и на влезовите во рестораните бидејќи ќе најдете попусти за јадење и за излети што ќе ви заштеди доста пари, посебно ако сте поголемо семејство.

8. Не купувајте скапи играчки и други дребулии  за плажа од продавниците во хотелот во кој се наоѓате, затоа што истите ќе ги најдете многу поевтино во најблискиот град.

9. Ако имате деца, секогаш земете чадор со впечатливи бои за да можат децата лесно да ве најдат кога излегуваат од водата.

10. За малите деца кои сакаат да се играат во вода, а сеуште се мали за гуми за пливање, најбезбедно е да имате мало пластично базенче кое ќе го ставите покрај вас.  Наполнете го  со вода, ставете го вашето бебе и  играчките во него и нека се забавува додека вие го надгледувате.

Кога сме веќе кај плажите, погледнете ја нашата понуда за лето 2014 тука.