Хотелот “Radan” е сместен во Пролом Бања. Располага со модерен Wellness и Spa центар, гостопримлив персонал, ресторан, кафе бар во близина на Спа центарот, игротека за деца во близина на спа центарот и кафе бар на третиот кат во главната зграда со прекрасна панорама.

Велнес центарот Пролом Бања претставува ексклузивен комплекс во кој на природен начин се постигнува баланс на телото, умот и духот. Сите благотворни својства кој ги содржи лековитата Пролом вода, се во Ваша корист за уживање, опуштање и ослободување од секојдневниот стрес.

Базените се со минерална Пролом Вода. Температурата изнесува од 29 до 31 степен. Има три базени. Еден внатрешен целосно покриен базен. Еден базен со два дела покриен и отворен и еден надворешен базен кој не работи во зимскиот период.

Две солени соби. Воздухот е заситен со најфините честици на сол со бројни микроелементи кој позитивно влијаат на човечкиот организам. Престојот во солена соба позитивно влијае на одстранување главоболки, јакнење на имунитетот, дишењето и работата на срцето

Простор со клупи загреани од 37 до 39 степени, приближно до температурата на телото. Така се постигнува телото да издвојува топлина колку и прима. Истовремено, крвните садови се шират со што се појачува крвотокот и со самото тоа се засилува имунитетот.

или амам е третман во топол простор со пара која потикнува зноење и ослободува телесни тоскини. Препорачливо е од 10 до 20 минути.

Високи темератури како би можело да се опуштат мускулите и да се предизвика обилно зноење и исфрлање на токсини од телото.

за опуштање и релаксација.

Во Продажба! ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО – Во Ноември секој викенд Пролом Викенд

1.Ден СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај Хотел Вип спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања во пладневните часови и сместување во хотел Радан. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација во хотелот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден  ПРОЛОМ БАЊА -> ЃАВОЛА ВАРОШ -> СКОПЈЕ
Појадок. Во 10.00 часот заминување на организиран претпладневен излет со локален туристички водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден  ПРОЛОМ БАЊА – > ЦРКВА ЛАЗАРИЦА -> СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на прошетка со локален туристички водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе.

Враќање во хотел. Зaминување за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови

ТЕРМИНИ

Услуга

Цена

01.11-03.11.2019

2FB 89€ / 5.520,00 ден.
08.11-10.11.2019 2FB

99€ / 6.140,00 ден.

15.11.-17.11.2019

2FB 99€ / 6.140,00 ден.
22.11.-24.11.2019 2FB

99€ / 6.140,00 ден.

29.11.-01.12.2019

2FB

99€ / 6.140,00 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера
– Користење на внатрешниот комплетно покриен базен со Пролом вода
Влезница во Велнес Центар во времетраење од 2 часа: (новиот отворен/покриен базен, сауна, солена соба, џакузи базен, парна бања и топли клупи.
– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билјард, пинг понг, тенис, пикадо)
– Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич (2.4km) во правец
– Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување 100мкд
– Индивидуални трошоци

Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860мкд
– Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд
– Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 59€/3.658мкд
– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% (на барање)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620мкд (мин. 2 седишта)
– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170мкд

Важни напомени:
– Оваа програма се разликува од останатите групни патувања за Пролом Бања по ограничената можност за користење на велнес центарот.
– Сите содржини надвор од програмата се доплаќаат на лице место ценовник може да погледнете на следиов линк: https://prolombanja.com/wellness/cenovnik
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни услови да ја промени програмата или да ги откаже излетите.
– Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.