Игор сакаше да и приреди изненадување на својата сакана што таа ќе го памети цел живот и токму затоа побара наша помош при организирањето на ова запросување.

Поради наводни проблеми со документите на Игор, Даниела беше сама на авионот, а очекуваше тој да пристигне со наредниот лет. Но, многу брзо потоа на микрофонот во авионот Даниела ќе го слушне гласот на Игор кој ја запроси пред сите патници и екипажот.

За telegraf.mk Даниела изјавила дека била навистина уплашена поради проблемите со документите и не верувала дека Игро навистина ќе и’ се придружи на патувањето. Исто така, додава дека не и’ се верувало кога го слушнала гласот на нејзиниот љубен и кога го слушнала своето име.

 

Ваикики Травел им посакува многу среќа во иднина и уште многу вакви мигови!