WaikikiWaikiki

Activities in Крит, Хераклион

Места од интерес

Плажа Истро во Ласити

Јужно од градот Агиос Николаоссе простираат 5 до 6 плажи, каректеристични по тиркизно сината боја, од Агиос Николаос до Мохлос. Една од овие плажи е Истро на 12 км од Агиос Николаос, впечатлива по кристална вода и бел песок, опколена со зелени падини, кој создаваат магичен пејзаж на природата

ПОВЕЌЕ

Плажа Плакијас во Ретимно

40км јужно од Ретимно. Убава песочна плажа со чиста вода. Целосно организирана плажа со лежалки, чадори, таверни, кафе и ресторани..

ПОВЕЌЕ

Плажа Малата во Хераклион

67км од Хераклион. Во должина до над 300 метри светол златен песок, опколен со импозантни клифови и мазни пештери.

ПОВЕЌЕ

Плажа Фаласарна во Ханија

Πрироден, мек, златен песок и тиркизно море со исклучително чиста вода. Идилично и мирно место, избрана е за една од најчистите плажи во Грција

ПОВЕЌЕ

Плажа Ваи во Ласити

Позната плажа Ваи од рекламите на Баунти или палмовата шума е лоцирана на 94 км источно од Агиос Николаос.

На површина од 250 метри квадратни се поставени 5000 палмови дрвја, поради што е позната како најголема палмова шума во Европа.

ПОВЕЌЕ

Плажа Елафониси

Кога би можеле да погледнеме во рајот какви плажи има, сигурно Елафониси би била една од нив. Пространа плажа, чудесна со розев песок и кристално чисто море.
Може да се посети со брод од Палеохора.

ПОВЕЌЕ

Плажа Балос

Најпопуларната плажа на Крит, но несомнено една од најубавите плажи на овој остров. Поставена е на 60км северозападно од градот Ханија. Бел песок, кристално чистото море пространиот и уникатен пејзаж се препознатливи за оваа плажа.

Може да се посети со кола преку патот од селото Каливани или со брод од градот Ханија и Касамос.

ПОВЕЌЕ