WaikikiWaikiki

Крф (Остров) – Хотели

Крф или Керкира, засолништето на Одисеја на крајот од неговите патувања, брег полн со врвови, еден мегу најубавите острови во Грција и втор по големина од јонските острови. Според грчката митологија именуван по керката на грчкиот бог Асопа, нимфата Керкира. Атрактивен за голем број на посетители поради својата историја, атрактивните плажи и туристичките места исполнети со значителен број на сместувачки капацитети, хотели, кампови, таверни и клубови. Впечатлив по својата бескрајна природна убавина, автентична музика и комбинација мегу модерно и традиционално. Во текот на историјата бил освојуван од страна на различни народи, кој внесувале дел од својата култура и архитектура, мегу кои најмногу има влијание од венецијанската власт по кој што се карактеризира денешниот изглед на островот.