kampuvanje

За многу луѓе исхраната при кампување претставува проблем кој често ги премислува да се решат на таков чекор. Но, со малку подготовки, подготвувањето оброци додека сте на кампување може да биде исто така лесно и убаво како да сте дома.

Еве неколку совети што ние ги пронајдовме за вас, а мислиме дека ќе ви бидат мошне корисни кога нареден пат ќе се решите да ги спакувате торбите и да се поврзете со природата.

Бидете подготвени

Оброците испланирајте ги уште пред да почнете со патување. Потоа, купете ги потребните продукти според планот на оброци и ужинки. Доколку ве чека долг пат и претпоставувате дека ќе пристигнете навечер, тогаш најдобро е првиот оброк да го подготвите уште од дома. Нема ништо подобро од тоа кога знаете дека откако ќе се сместите во шаторот или приколката ве чека вкусен оброк.

Кога ќе ги пакувате потребните состојки што ќе ги понесете со вас на кампување, паметно е да користите мали кутии или ќесички на коишто ќе запишете што има внатре. Така ќе зачувате простор, а и ќе си го олесните готвењето кога ќе ви треба одредена состојка со тоа што лесно ќе може да видите што каде се наоѓа.

 

Понесете мини ладилникmini-ladilnik

Една од убавините на кампувањето е токму тоа што се враќаме  кон корените. Но, од друга страна, не можеме кога ќе ни текне да отиде до кујната и да си земеме од фрижидерот сирење, салама или ладен пијалок. Затоа, треба да вложите во добар мини ладилник што ќе ви врши работа повеќе од 1-2 дена.

Продуктите што се кршат или гмечат, како јајца или домати, складирајте ги во пластични кутии. Кашкавал, сирење и месо складирајте во плитки кутии, а најгоре можете да ги ставите пијалоците. Водата и соковите можете да ги замрзнете за да траат подолго и да држат ладно. За истиот ефект можете на врвот да ставите и ќесички со лед бидејќи студениот воздух паѓа надолу.

 

hohlandska-furnaКупете холандска фурна (рерна)

За оние што не знаам, холандска фурна е тава од леано железо којашто сметаме дека е задолжителен дел од кампувањето. Сите што сакаат да готват на камперски оган, токму оваа фурна е идеална за подготовка на супи, чорби, па дури и леб и пудинзи. Вжарените дрва наместете ги околу и врз фурната и чекајте вкусен и топол оброк.

 

 

 

Гответе со децата

Доколку имаат можност да готват околку камперски оган, сите деца ќе бидат воодушевени да ви помогнат при подготвувањето на јадењето. Семејните обврски се вистински предизвик, посебно доколку треба да се грижите за неколку дечиња, а воедно да се грижите за исхраната. Затоа, планирајте оброци што може да бидат подготвени со помош на вашите најмили. Така, додека ви помагаат ќе бидат мирни, ќе бидат во вашата близина и плус ќе добиете значајна помош. Секако, кога се работи околу оганот, децата постојано мора да бидат надгледувани за да не дојде до некоја несакана случка.

Доколку, сепак, кампувањето не е за вас, тогаш разгледајте ги нашите понуди за кратко бегство во некоја од европските метрополи – City Break!