WaikikiWaikiki
Forgot password?

Vradis Vila, Corfu

Available Rooms

No Rooms Found
Апартмани и Студија
Грција
Крф
Unnamed Road,, Kato Agios Markos 490 83, Greece
14:00
09:00

Вила Врадис се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 100м од одалеченост од плажа позади АБ маркетот. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студиа(со можност да се сместат и 4 лица).На само 2 минути од вилата е најголемиот маркет во Ипсос, АБ. Околу вилата има други вили. Секое студио располага со мини кујна (не во секоја кујна има рерна, во некои има само решо), wc+купатило, интернет и паркинг простор. Во студиата има брачен и единечен кревет.

Koрдинати: 39.703768, 19.839280

Термин Редовна цена   20% попуст до 31.12
01.06 – 08.06.2019 129 eвра(распродадено) 59 евра ПРОМО
08.06 – 15.06.2019 129 евра(распродадено) 69 eвра ПРОМО
15.06 – 22.06.2019 129 евра 79 евра ПРОМО
22.06 – 29.06.2019 149 евра 119 евра
29.06 – 06.07.2019 169 евра 135 евра
06.07 – 13.07.2019 179 евра 143 евра
13.07 – 20.07.2019 219 евра 175 евра
20.07 – 27.07.2019 219 евра 175 евра
27.07 – 03.08.2019 219 евра 175 евра
03.08 – 10.08.2019 219 евра 175 евра
10.08 – 17.08.2019 219 евра 175 евра
17.08 – 24.08.2019 219 евра 175 евра
24.08– 31.08.2019 219 евра 175 евра
31.09 – 07.09.2019 149 евра 119 евра
07.09 – 14.09.2019 129 евра 103 евра
14.09 – 21.09.2019 129 евра 79 евра ПРОМО
21.09 – 28.09.2019 129 евра 59 евра ПРОМО

– Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
– За цените означени со ПРОМО не се намалува за сопствен превоз
– Доколку сакате да споите термин а термините се означени со ПРОМО, не се одбива за превоз на вториот термин без разлика дали користите превоз
– За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
– Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
– Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
– За сопствен превоз се одземаат 15 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф
З- а оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– 7 ноќевања – 8 дена на Ипсос, Крф
– Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
– Повратна карта за траект Игуменица – Крф – Игуменица.
– туристички пратител за време на патувањето и престојот на Ипсос

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– патничко осигурување (без франшиза) (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
– факултативните излети
– користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
– Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

Попусти за деца:

– Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
– Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст (се однесува само на еден кревет во студиото)
– Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
– Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%

ВАЖНО:
– Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.

ПОАЃАЊЕ
Средба на групата на дрводекор во 23:30часот . Поаѓањето е еден ден пред започнување на одржување на турата. Поаѓање за Крф преку граничен премин Евзони. Ноќно возење со попатни паузи.
ПРВ ДЕН
Траект Игуменица – Крф во утринските часови. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите. Чек ин во 14 часот по грчко време (доколку се пристигне пред времето за сместување, патниците се должни да почекаат додека да бидат подготвени собите). Време за одмор, средба со претставникот на агенцијата во попладневните часови. Вечерта: Welcome party, забава за запознавање и дружење во некој од локалите во Ипсос.
ВТОР до СЕДМИ ДЕН
Во останатиот дел од престојот, агенцијата им нуди можност на патниците за факултативни посети на најпопуларните делови од островот. Распоредот на одржување на турите патниците го дознаваат на денот на пристигнувањето на Ипсос од нивниот локален претставник. Исто така, агенцијата организира и ноќни забави во некои од најпопуларните локали низ Ипсос, каде што нашите патници имаат специјални попусти.
ОСМИ ДЕН
Напуштање на апартманите во 09ч наутро. Куферите се оставаат во делот предвиден за оставање на багажот. До времето за тргнување за Скопје, патниците имаат слободно време за плажа, кафе и слободни активности. Потребно е да се почитуваат наведените термини за напуштање за собите бидејќи персоналот треба да ги подготви за наредната група која пристигнува на истиот ден. Доцнењето на влегувањето во собите може да зависи од доцното напуштање на собите на претходните патници. Тргнување за Скопје, пред вилата Елена 1 во договореното време со водичот. Пристигнување во Скопје во утринските часови

НОЌНА ЗАБАВА:
Mojitos – местото кое со години важи за еден од баровите каде забавата е загарантирана. Познато по љубезниот персонал, гостопримливоста кон македонските туристи и тематските забави (hawai party, pena party, mask party)
Olea – бар кој дише со латино звуците и со години е знак за препознатливост на Ипсос по латино забавите со професионални танчери кои прават вистинско шоу на сцената, анимирајќи ги туристите.
Montecristo club– вистински клуб поделен на две сцени, со два диџеи, две програми. Луда забава до утринските часови
54 Dreamy Nights– Дискотека која се наоѓа во градот Крф (18 км од Ипсос). Рангирана во топ 5 дискотеки во Европа, поради исклучителниот ноќен живот, неверојатен звук, ентериер и покрив кој се подигнува и спушта. Клуб кој работи до раните утрински часови и има богата програма.

ГРАД КРФ
Разглед на градот Крф – Турата вклучува автобуски превоз од и до градот Крф. За време на патувањето до градот, водичот ги запознава патниците со историјата и најважните информации за островот, сите оние детали кои се најважни за местото. По пристигнувањето во градот, групата има слободно време за прошетка, шопинг, кафе до договореното време кога се враќа во Ипсос. Разглед на градот Крф – 10 евра

ТУРА СЕВЕР
Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: фабриката за производство на ликери и локални слатки од традиционалното овошје кумкуат, Мавроматис, плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта. Цена на факултативата е 20-25 евра.

ПЛАЖА ГЛИФАДА
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Цената на факултативата е 15 евра.

КРСТАРЕЊЕ СО БРОД
Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот се до градчето Касиони. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, леб и неограничено пиење на вода, сок, црвено или бело вино. По ручекот групата се упатува кон Касиопи каде има слободно време за прошетка, плажа и кафе. На враќање повторно се застанува до уште една плажа за капење и пештера. Враќање во Ипсос некаде околу 17 часот. Цената на факултативата е 25-27 евра.

КРСТАРЕЊЕ ДО ПАКСОС И АНТИПАКСОС
Целосневно крстарење до овие два преубави острови изнесува 30 евра.

АКВАПАРК
Посета на аквапаркот со влезница изнесува 30 евра.

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ МОЖАТ ДА  ТРПАТ ИЗМЕНИ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТЕРМИНОТ

Policies of Vradis Vila, Corfu

14:00
09:00

Amenities of Vradis Vila, Corfu

  • Wi-Fi интернет

Guest Reviews (0 reviews)

Vradis Vila, Corfu Крф, Грција

Your overall Rating of this property

Booking Number

Pin Code

Title of your review

Your review

What sort of Trip was this?

  • Business
  • Couples
  • Family
  • Friends
  • Solo