WaikikiWaikiki

Vila Julia, Sivota

Расположливост

Не се пронајдени соби
Апартмани и Студија
Грција
Сивота
Syvota 461 00, Greece
14:00
09:00

Вилата е сосема сигурно еден од најубавите објекти за сместување во Сивота. Нејзината локација која е во близина на главното шеталиште и на малата марина, добро опремените студија, убавиот голем двор со ѕидана скара, маса и столици кои можат да ги користат гостите и нејзината околина, сосема сигурно и визуелно ја издвојуваат од повеќето куќи во непосредната близина. Можноста за убав и пријатен одмор во прекрасната природна околина, е дополнително зголемена со одличниот сервис кој го нуди персоналот на споменатиот објект.

Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
За пакет аранжман (сместување + автобуски превоз) одобруваме -30 € попуст
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
– За четврто лице (во заеднички кревет) во JULIA “B” (STD 1/2+1*) се доплатува 11 € за возрасен / 5 € дете до 12 г. од ден, каде што е достапен
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 50 € (37 € за деца 2-12 год.)

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година.
* Цените со попуст важат за резервација и 50% нерефундабилна уплата до 31.12.2018 година.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !

НАПОМЕНA:
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Share this post:

Услови на Vila Julia, Sivota

14:00
09:00

Содржини од Vila Julia, Sivota

Коментари на Гости (0 коментари)

Vila Julia, Sivota Сивота, Грција

Вашиопт целокупен впечаток од овој објект

Број на Резервација

Пин Код

Наслов на Вашиот коментар

Вашиот коментар

Каков тип на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Фамилијарен
  • Пријатели
  • Соло