WaikikiWaikiki

Aquaworld Resort Budapest

Слободни Соби

AQUA WORLD RESORT 4* & CHRISTMAS MARKET
БУДИМПЕШТА

Aquaworld Resort Budapest 4* еден од најпознатите Велнес и СПА хотели лоциран во главниот град на Унгарија, кралицата на Дунав, убавата Будимпешта. Хотелот во својот состав располага со единствениот Ориентал Велнес, СПА и фитнес центар поставен на 3 нивоа, вистински рај за сите оние во потрага по релаксација и задоволување на сите сетила како и еден од најголемите тематски затворени аквапаркови во Европа, уникатниот Aquaworld за авантуристите. Богатата СПА понуда на хотелот нуди за секого по нешто, од активна реакреација до комплетна релаксација на Ваша услуга се егзотични бањи, СПА и релаксациони базени, парна бања, уникатниот свет на сауни, третмани за лице и тело, масажи, клупи за релаксирање… и многу повеќе!

Ве покануваме да го откриете Аква Светот на Будимпешта овој Ноември, во комбинација со боите на еден од најубавите божиќни пазари во Европа, предновогодишниот Адвент во Будимпешта, изобилство од бои, вкусови и мириси кои вистински ќе Ви ја стоплат душата оваа есен.

Програма на патување:

21.11.2019 (Четврток)                           СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13.30 часот. Лет W6 2230 за Будимпешта во 15.35 часот.  По пристигнувањето оранизиран трансфер со автобус и сместување во хотел Aqua World Resort 4* во Будимпешта. Слободно време за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на ресортот вклучени во цената. Ноќевање.

22.11.2019 (Петок)                                               БУДИМПЕШТА
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета и разглед на Будимпешта. Организиран трансфер со автобус до Будимпешта, прошетка и разглед со локален водич: Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина…

Слободно време за кафе или ручек во Будимпешта индивидуално. Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор и релаксација, користење на Велнес и СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

23.11.2019 (Сабота)                         БОЖИЌЕН ПАЗАР БУДИМПЕШТА
Појадок. Слободно време за одмор релаксација, користење на СПА содржините на хотелот. Попладне огранизиран трансфер со автобус и посета на еден од најпознатите божиќни пазари во Европа, Christmas Market Budapest 2019; традиционални божиќни колачиња од унгарската кујна, најдобриот унгарски гулаш, варено вино, најдобрите рачно изработени божиќни сувенири.. и божиќната магија со 3Д сијалички врз фасадата на базиликата Св. Стефан.

Враќање во хотел. Ноќевање.

24.11.2019 (Недела)                           БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Организиран трансфер до аеродромот во Будимпешта. Лет W6 2229 за Скопје во 13.25 часот. Пристигнување во Скопје во 14.50 часот.

ПРОМО ЦЕНА за рез. до 15.11.2019 – 299€/18.538мкд
Редовна цена – 339€/21.018мкд
Дете 0-6,99год – 99€/6.138мкд
Дете 7-13,99год – 139€/8.618мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со Wizz Air;
– Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8кг и максимални димензии 40x30x25 cm;
– Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром;
– Сместување во Хотел Aqua World Resort 4* www.aquaworldresort.hu на база 3 ноќи со појадок (богата понуда на шведска маса);
– Користење на Ориентал СПА, Велнес и Фитнес Центар (релаксационен базен, надворешен затоплен базен, мандала бања, сауни, парна бања, фитнес);
– Користење на Aquaworld водениот тематски парк;
– Бањарки;
– Wi-fi интернет;
– Организација и реализација со туристички придружник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Аеродромски такси 3.100мкд;
– Доплата за чекиран багаж (1 торба/куфер со максимум 20кг) 3.000мкд;
– Туристичка такса 2€ по лице од ноќ (вкупно 6€/372мкд доплата во агенција)
– Разглед на Будимпешта со локален водич –15€ (доплата на лице место);
– Индивидуални трошоци (дополнителни оброци, масажи, влезници по музеи…);
– Задолжително патничко и здравствено осигурување 100мкд (за лица до 65год);
– Доплата за 1/1 соба 75€/4.650мкд.

Важни напомени:
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Ваикики Травел.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
– За ова патување потребен е валиден пасош најмалку 3 месеци од датумот на враќање, организиторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.

Хотел
4 *
Унгарија
Будимпешта
Budapest, Íves út 16, 1044 Hungary
15:00 - 00:00
00:00 - 11:00

РЕДОВНА


EARLY BOOKING


LAST MINUTE


Aquaworld Resort Budapest 4* еден од најпознатите Велнес и СПА хотели лоциран во главниот град на Унгарија, кралицата на Дунав, убавата Будимпешта. Хотелот во својот состав располага со единствениот Ориентал Велнес, СПА и фитнес центар поставен на 3 нивоа, вистински рај за сите оние во потрага по релаксација и задоволување на сите сетила како и еден од најголемите тематски затворени аквапаркови во Европа, уникатниот Aquaworld за авантуристите. Богатата СПА понуда на хотелот нуди за секого по нешто, од активна реакреација до комплетна релаксација на Ваша услуга се егзотични бањи, СПА и релаксациони базени, парна бања, уникатниот свет на сауни, третмани за лице и тело, масажи, клупи за релаксирање… и многу повеќе!
Ве покануваме да го откриете Аква Светот на Будимпешта овој Ноември, во комбинација со боите на еден од најубавите божиќни пазари во Европа, предновогодишниот Адвент во Будимпешта, изобилство од бои, вкусови и мириси кои вистински ќе Ви ја стоплат душата оваа есен.

Услови на Aquaworld Resort Budapest

15:00 - 00:00
00:00 - 11:00
За отказ од 15-30 дена пред поаѓање се задржува 50% од вкупната цена. За отказ од 0-15 дена пред поаѓање се задржува 100% од вкупната цена.
Миленичиња се дозволени на барање со извесна доплата.

Содржини од Aquaworld Resort Budapest

  • Spa & Welness Centre
  • бесплатен паркинг
  • внатрешен базен
  • конференциска сала
  • Ресторан
  • Сауна
  • фитнес
  • џакузи

Коментари (0 коментари)

Aquaworld Resort Budapest Будимпешта, Унгарија

Вашето мислење

Резервациски Број

Пин Код

Име на коментарот

Вашиот коментар

Тип на патување?

  • Бизнис
  • Парови
  • Фамилија
  • Пријатели
  • Соло