// ТУРЦИЈА ЛЕТО 2015 // TURCIJA LETO 2015

Турција е држава која во својот состав брои голем избор на дестинации, атрактивни за посета во текот на целата година. Земјата е несомнено најпосетена од домашни и странски туристи за време во летниот период, но исто така и за време на пролетните, есенските и новогодишните празници.
Послана на два континента сем атрактивните туристички ресорти, плажи, безброј луксузни хотели, земјата преку нејзината историја повикува да биде посетена во секој нејзин дел, запознавајќи не со спојот на различности со кои денеска се карактеризира оваа земја. Од населби кои потекнуваат од младото камено доба, населувањето од страна на турските Селџуци, освојувањето од Монголите и поделбата на неколку мали држави Гази Емирати, па се до поставувањето на темелите на Османлиското Царство со освојувањето на Константинопол од страна на Осман I. Царството кое допирало до западната и источната култура и кое достигнало да биде најјака политичка сила во светот, ослабнато во XIX век и зададен најсилниот удар по Првата светска војна, обновена преку реформита на Кемал Ататурк, таткото на современа Турција, со што го добива денешниот модерен изглед на секуларна европски ориентирана држава.
Веселото и гостопримливо население е карактеристично за Турција. Турската кујна е многу блиска со нашата и важи за една од најдобрите во светот. Нејзиниот вкус е претставен преку единствениот спој на анадолските, номадските, арапските, персиските и курдските мајстори со употребување на најразлични зеленчуци и зачини, риби и морски плодови од четирите мориња кои ја опкружуваат Турција, јогурти и колачи. Сите овие вкусови се достапни за секој посетител по поволни цени

АНТАЛИСКА ПРОВИНЦИЈА // ТУРЦИЈА ЛЕТО 2015 

Анталија ( Antalya / Antalia ), сместенa во срцето на заливот и главниот град на анталиската провинција. Некогашниот град Аталија, создаден од страна на Атал II, 150 година пред наша ера, во текот на историјата бил освојуван од римјани, византици, селџуци, овозможувајќи го инзворедниот спој на на различните култури обоени во денешниот изглед на градот Анталија. Составен од стариот дел, сместен во внатрешноста на ѕидините на древната тврдина и околу старото пристаниште, и новиот дел со своите широки булевари, модерни зданија и луксузни продавници со кои не потсетува на европските метрополи. Несомнено овој град ни ги потврдува причините поради кои, во 70-те години од изминатиот век станува една од најмоќните туристички дестинации и региони на Медитеранот.

Анталија - Лето 2015

Лара ( Lara ) – најпространата плажа, 15 км од центарот на градот Анталија, во почетокот на 90-те години од предходниот век почна да се развива ова модерно летувалиште. Карактеристично по својата понуда на хотели изградени еден до друг со највисока категоризација. Оној кој сака да биде во близина на градот и аеродромот, во хотелско сместување со високо квалитетна услуга, Лара е вистинскиот избор

Лара - Лето 2015

Кемер ( Kemer ) – лоциран во најзападниот дел од анталискиот залив на околу 40 км од градот Анталија. Опкружен од планината Таурус, исполнета со борови шуми, плажи најмногу составени од песок – шљунак,  карактеристичен по свежата клима како најзелена област, за разлика од останатите места, овој залив нуди бројни можности за одмор и забава. Со својата инфраструктура, околните мали приморски места, недопрената природа, високо модерниот туристички центар, како и одличната понуда на хотелски сместувања оправдано е место за кое вреди да се издвои дел од нашиот буџет за негова посета. Како надополнување на хотелските услуги, кои кај поголемиот дел од посетителите се сосема доволни, располага со бројни ресторани, продавници, барови и ноќни клубови.

Кемер - Лето 2015

Сиде ( Side ) – на 65 километри источно од главниот град Анталија лоциран на мал полуостров. Античкиот град и изгледот на модерното летувалиште се совршена комбинација за сите кои сакаат покрај својот одмор да се запознаат со културно – историското наследство од овој регион. Доминантен е античкиот амфитеатар од VII век, а во старото градско јадро се лоцирани бројни ресторани, кафулиња и сувенирници. Изборот на големиот број факултативни излети го збогатуваат со незаборавни спомени престојот кај секој посетител. Нашето искуство со ова туристичко место од година во година ни дава за право слободно да го препорачуваме на фамилии со деца во некој од хотелите кои изобилуваат со огромен број на атрактивни содржини и за најприбирливите семејства.
Сиде - Лето 2015

Аланиjа ( Alania ) – некогашното пиратско прибежиште, денес е атрактивно туристичко гратче. Поради ниските цени на пакет аранжманите и хотелската услуга, најголемиот број на посетители од нашата земја престојуваа во овој туристички град и неговата област. Аланија е вториот туристички центар по големина и значење во регионот на Анталија, лоциран на 130 км од градот Анталија. Својот подем како трговски и културен центар во текот на историјата го доживува за време на владеењето на селџуците, кои тука градат поморска база, зимски резиденции за своите владетели, како и величенствената тврдина, која и денес доминира со овој град, составена од дупли ѕидови како би можеле да го одбранат градот од пиратите. Тврдината во себе содржи неколку џамии, пазар, во централниот дел византиска црква Св. Георги и остатоци од цистерни. Познатата осмоаголна кула, преставена на сите летни фотографии од Аланија, изградена 1.225 година, денес преставува етнографски музеј. Голем број на хотели , барови, ресторани, продавници со најразлични производи се распослани по брегот, од источната страна по плажата Кејкубат и од западната добро познатата Клеопатра. Во вечерните часови градот ја доживуваа својата кулминација во делот на забава, преку модерните ноќни клубови кои овозможуваат активен ноќен живот.

Аланија - Лето 2015

ЛЕТО 2015 // Лето 2015

[su_row]
[su_column size=”1/3″]

zaprosuvanje

Романтично запросување во авион за Анталија – Лето 2014

[/su_column]
[su_column size=”1/3″]

20-512

ВОНРЕДНИ ПОПУСТИ – АНТАЛИЈА Лето 2015

[/su_column]
[su_column size=”1/3″]

news-plus-icon

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛОСНАТА ПОНУДА ЗА АНТАЛИЈА – Лето 2015

 [/su_column]
[/su_row]