greece-santorini_view_of_caldera_with_domes_header

Селата во Санторини се сметаат за едни од најубавите села по грчките острови. Фира и Оја се најпознатите на островот, поставени на рабовите на калдерата, од каде се простира неверојатна панорама кон Егејското Море и кон вулканот. Најубавите и највпечатливите глетки на Санторини се стрмните карпи и градбите во калдерата, која настанала како резултат на катастрофалната вулканска ерупција пред околу 3.600 години. Поимот е референца на вулканските ѕидини кои остануваат да постојат откако центарот на ерупцијата пропаѓа во почвата под притисок на лавата. Се смета дека на местото на 3те големи и неколкуте помали острови од архипелагот Киклади пред ерупцијата постоел еден голем остров со развиена цивилизација, која во целост била уништена и потонала на дното на морето по големата ерупција. Некои веруваат дека токму тука, се наоѓала познатата Атлантида. Денес, калдерата на Санторини е огромна туристичка атракција, а во нејзините ѕидини се изградени бројни кафулиња и ресторани. Меѓу другото, стрмните карпи од калдерата се и најпопуларните места за изградба на куќи и сместувачки капацитети, па така, селото Оја се наоѓа на северниот дел од калдерата на Санторини, додека главниот град Фира е изграден на источната страна. Фиростефани и Имеровиљи се симпатични и шармантни места со типична традиционална архитектура. Бројни сместувачки капацитети се сместени токму тука. Што се однесува до плажите на островот карактеристично за нив е фактот што се многу поинакви од останатите плажи во Грција заради своите особености. Црвени и црни вулкански камчиња и остатоци лежат на бреговите на плажите на Санторини, испреплетени со стрмни карпи измеѓу, создавајќи заедно единствено сценарио. Најпознатата плажа во Санторини е Црвената Плажа, а покрај неа се издвојуваат исто така и Периса, Камари и Периволос. Во продолжение само неколку зборови во обид да ги донесеме поблиску за дел од нив:

Фира

fira-santorini

Главниот и најзначајниот град на островот Санторини е Фира. Лоциран во западниот дел на островот на оддалеченост од 10км од главното пристаниште Атиниос, Фира денес брои околу 1.600 постојани жители. Градот е поставен на работ на импресивна вулканска карпа, на 260м височина, од каде се отвара прекрасна панорама кон потопениот вулкан. Во 1956год. островот Санторини бил погоден од силен земјотрес кој уништил поголем дел од островот, но за среќа, некои градби кои водат потекло од 18от век се сè уште зачувани и може да се видат и денес. Градот е изграден во типичен стил карактеристичен за Кикладите со шармантни бели куќи со сини врати и прозорци, одделени една од друга со мали поплочени улички. Многу од убавите градби биле одново изградени за време на венецијанската инвазија на островот, вклучувајќи некои цркви со сини куполи, како и познатите бели тераси за сончање од каде може да уживате во прекрасниот поглед и незаборавните зајдисонца. Фира денес, e град полн со туристи. За време на летната сезона, централните улици се преполни со туристи кои на распогање имаат бројните летни содржини, продавници, сувенирници, златари, ресторани, кафе барови и ноќни клубови. И покрај фактот што тука секој пат ќе наидете на толпи туристи и поголеми гужви, некои области се сепак потивки и удобни за релаксација и одмор. Археолошкиот Музеј е секако задолжителен за оние повеќе љубопитните кои сакаат да ја доближат повеќе приказната за културата на градот и островот во целина. Градот е исто така дом на бројни цркви и манастири отворени за бројните нивни поклоненици и туристи. Нејзиното пристаниште некогаш во минатото било главно на островот, а денес е појдовна точка за интересните крстарењата кон вулканот на Палиа и Неа Камени.

Оја

oia

Најпознатото и најромантичното од сите села во Санторини е бездруго селото Оја. Познато е по спокојниот, мирен живот и најубавите зајдисонца, кои го прават за многумина најубавото и најживописно село во Санторини. Селото е лоцирано на врвот на имресивна карпа од каде се простира спректакуларна панорама врз вулканот Палиа и Неа Камени, како и поглед кон островот Терасија. Селото е лоцирано во северниот дел на островот, на 11км оддалеченост од Фира. Претставува традиционално село со карактеристични, шармантни куќи, тесни улички,  цркви обени со сини куполи и познатите тераси за сончање. Долж неговите улички ќе најдете бројни продавнички каде може да се купи традиционален сувенир за спомен, кафулиња и таверни кои служат врвни специјалитети од свежа морска риба. Оја во однос на Фира е значително помирна, тука некаков џагор единствено може да се забележи по должина на главната пешачка улица. Интересен за посета е Поморскиот Музеј со неговата мала библиотека и  предметите кои сведочат за поморскиот живот од оваа област како и остатоците од Венецијанска Тврдина.   Бројни уметници се буквално заљубени во областа и се населуваат тука, од истата причина ќе најдете бројни уметнички галерии токму тука. Селото има мало пристаниште Амуди, до кое се стига преку 300 скали кои водат надолу. Оттука, со мали бротчиња може да заминете до соседниот остров Тeрасија. Плажата Арменис и исто така лоцирана тука.

Акротири

AKROTIRI

Актротири е лоцирано во непосредна близина на позната Црвена Плажа. Изградено е амфитеатрално во југоисточниот дел на островот. Акротири е дом на најзначајните Минојски археолошки наоѓалишта на островот. Предисторискиот град бил уништен за време на големата вулканска ерупција околу 1600год. пред наша ера. Денес, градот има сликовити улички, типични куќи на 2 спрата, прекрасни фрески и мноштво артефакти кои сведочат за неговото славно минато. Најубавите фрески од античкиот град Акротири денес може да се видат во Националниот Археолошки Музеј на Атина. Гледано од птичја перспектива се забележуваат прекрасни куќи распослани наоколу како и традиционалната ветерница. Туристичките бродови се укотвуваат тука, од каде бројни туристи се упатуваат кон некоја од плажите во негова близина. Венецијанскиот замок е друго место од интерес кај туристите, а со седиште во Акротири. Градот има во понуда симпатични хотели и повеќе локални таверни со прекрасен поглед кон морето. Акротири исто така е дом на неколку интересни цркви за посета, меѓу кои и најубавата Агиос Николаос изградена над импресивна црвеникава карпа, токму на патот кој води кон познатата Црвена Плажа.

711

Пиргос

PIRGOS

Селото Пиргос е лоцирано на 8км југоисточно од Фира. Сместено на неверојатно место на врвот на ридот, од каде се простира чудесно прекрасна панорама врз островот. Во подножјето има неколку фини таверни и вообичаените туристички продавнички.  Пиргос сè до раниот 19 век бил и главен град на островот, а денес селото брои повеќе од 500 постојани жители и е најпознато по големото туристичко преместување. Селото има традиционални куќи изградени во близина на Венецијанскиот замок и помали коридори кои природно го следат неговиот шармантен дух и го надополнуваат пејсажот. Куќите тука, се одличен пример на архитектурата и дизајнот кои го имаат Кикладите, а се и во одлична состојба. Венецијанскиот замок е еден од петте на островот и води потекло од 13от век. Селото има бројни цркви и манастири, меѓу кои најпознатиот манастир на островот воопшто, изграден во чест на Пророкот Елиас. Манастирот е сместен на највисокото место на истоимената планина, интересни за посета и разглед се неговата богатата колекција на етнографски материјали и стари икони.

Периса

perissa

Периса е прекрасна плажа лоцирана на 15км југоисточно од Фира. Се протега во должина од 7км на југоисточната страна на Санторини. Плажата се карактеризира со црн песок, кристално чиста вода и нуди повеќе погодности за своите гости. Најголемата атракција тука е огромната карпа Меса Воуно која се издига над морето. Посетителите остануваат буквално занемени од уникатниот поглед кој се отвара од карпата надолу. Периса е одличен туристички ресорт со огромен број на гости за време на целата летна сезона. Селото нуди голем број на хотели со различна категоризација погодни за сечиј вкус и буџет, тука исто така ќе најдете и бројни ресторани, таверни, кафулиња и барови. Областа е високо развиена со бројни модерни туристички содржини, а од друга страна во согласност со нејзиниот традиционален карактер. Оттука, малечка патека која минува низ планината води до остатоците до Античката Тера. Организирани екскурзии им се на располагање на туристите .

Камари

Black_beach_in_Kamari_Santorini

Камари е една од најпознатите плажи на Санторини, лоцирана 10км југоисточно од Фира. Плажата има многу слично сценарио како она на Периса. Покриена со црн песок, а од лева страна доаѓа големата карпа Меса Воуно која се издига над морето. Областа е доста атрактивна особено навечер кога карпата блеска во темнината. Плажата е одлично организирана со широка понуда на лежалки, чадори и најразлични водени спортови. Традиционалните куќи од селото се со прекрасен поглед кон морето. Посетителите може да уживаат во убавите прошетките покрај морето. Селото станува особено популарно за посета за време на високата сезона што се должи на бројните нејзини стандардните модерни содржини, односно хотели, ресторани, таверни, кафулиња, барови и ноќни клубови. Од Камари преку планината може да се стигне до остатоците на Античката Тера, а со брод може да се заминие и до дивиот остров Анафи.

Агија Параскеви

santorini-map

Агија Параскеви е лоцирана јужно од плажата Монолитос на патот кој води кон Камари селото. Плажата е неорганизирана со црн песок и ситни камчиња. Лежалки и чадори може да се најдат единствено пред некои од хотелите и таверните лоцирани тука. Местото е крстено Агија Параскеви по истоимената црква сместена овде.

Периволос

perivolos

Сликовитата плажа на Периволос е лоцирана во непосредна близина на Периса на околу 3км оддалеченост. Оваа прекрасна плажа на Санторини е сместена на јужниот дел на островот. Плажата се издвојува по нејзината азурна сина вода и мирната атмосфера која ја опкружува. Покрај плажата ќе најдете бројни таверни, пабови и ресторани кои служат свежа риба и локални деликатеси. Локалниот превоз е добро развиен и лесно може оттука да заминете до Периса со автобус или со такси. За оние кои сакаат да одат пешки може да да се движат по патеката која води низ селото. Периволос е во суштина продолжение на плажите Периса и Агиос Ѓоргиос и меѓудругото е секако една од најорганизираните плажи на Санторини, нудејќи им на своите гости возбудливи водени спортови како сурфање, нуркање и џет ски.