Mожеби најбрзо растечкиот луксузен град на Халкидики, Никити од година на година станува се популарно и се здобива со епитет на најмонденско летувалиште на Ситонија. Зошто на летен одмор во Никити? Дозволете ни на кратко во продолжение да ја доближиме приказната зошто Никити гордо стои на тронот на Ситонија.

Променадата на Никити

Во последните неколку години Никити значително го дотера својот лик. Долгата песочна плажа беше дополнета со модерна, нова променада, која денес е во фокусот на сите случувања и активности. Долж променадата се поставени бројни ресторанчиња, таверни, кафулиња и продавнички, бројни содржини погодни за било која категорија на гости. Повеќето од рестораните и баровите на плажа имаат отворени тераси поставени на променадата каде може да уживате во некој од вкусните грчки деликатеси или по некој пијалок и сето ова надополнето со спектакуларната глетка кон брилијантнити води на Егејското Море со боја на аквамарин.  Во правец кон марината кон северниот дел на променадата ќе ги најдете некои од најдобрите морски ресторани кои служат свежа морска риба и морски плодови.

Базиликата Софрониос

Базиликата Софрониос е едно од неколкуте археолошки места на Ситонија,  лоцирана е во помирниот дел на Никити. Се работи за стара црква изградена некаде во почетокот на 5от век, а ископувањата и реставрацијата  на пронајдоците се одвиваат некаде во 80тите години од минатиот век. Тука може да погледнете ремек дела со потекло од раната доба на Христијанството и секако најинтересен за посетителите е добро зачуваниот под – мозаик.  Остатоците од некогашната базилика, ќе бидат освежување за сите оние кој ја сакаат археолошката историја.

Пливачки маратон Торонеос

Секоја година во месец Јули, Никити е во центарот на случувањата, должејќи се на фактот што градот е домаќин организатор на годишниот пливачки маратон Торонеос. Оваа традиција се оддржува речиси 50 години е интересен настан кај туристите. Маратонците поаѓаат од првиот крак Касандра од пред хотелот Pallini Beach 4* кај Калитеа и пливаат 26км до вториот крак, односно до Никити каде се прогласува победникот. Вообичаено потребни се околу 6 часа за да се исплива оваа дистанца, а за ден на оддржување на настанот се зема најчесто последната сабота од месец Јули. Пливачкиот маратон Торонеос е еден од најпрепознатливите настани во Грција.

Стариот Град

Иако повеќето од активностите во Никити имаат тенденција да се фокусираат околу плажата, Никити има уште еден негов скриен шарм, Стариот Град на Никити. Лоциран на височинка, тука во стариот дел живеат повеќето од локалните жители на Никити. Во овој историски центар интересен за посета е локалниот петочен пазар каде што се продаваат локални производи и изработки, не заборавајте да си купите тегла мед од Никити, затоа што најдобриот мед во цела Грција е со потекло токму од тука. Во последните неколку години тука се отворени и неколку тренди ресторани и барови, со типична стара архитектура за овој дел, тука туристите може да уживаат во летните ноќи, во пријатна атмосфера и опкружување. 

Плажа

Долгата песочна плажа на Никити е местото каде повеќето посетители го минуваат времето за релаксација. Баровите и таверните покрај променадата имаат во главно организирани плажи со лежалки и чадори за изнајмување, а во останатиот дел туристите имаат простор да си постават свои, како би уживале под летното сонце онака како што ним им е најзгодно.

Синиот Егеј

Морето покрај Никити е ништо помалку од спектакуларно, Егејот тука е обоен во најубавите тонови на зелено и сино, слика која го заслепува фокусот од убаво. Заради фактот што Никити е поставено на западната страна на Ситонија, бонус плус тука е секојдневното уживање во најубавиот залез на сонцето. Како сонцето заоѓа, така плажите стануваат се пополни со туристи кои уживаат во топлите и мирни води.

Ноќите во Никити

Летните ноќи во Никити се најубави долж убавата променадата. Квечерините со живописни зајдисонца ги привлекуваат сите заљубени да уживаат на романтична вечера во некој од таверните долж брегот. Како сонцето заоѓа, така рестораните се сè пополни и се така до доцна во ноќта.

Никити околина

Никити е идеалната појдовна точка доколку сакате да ги прошетате 2те страни на Ситонија, западната и источната. За неколку минути возење се стигнува до Ормос Панагиас од каде што може да појдете на интересно крстарење околу Светата Гора на третиот крак Атос. Тука, се лоцирани и некои од најдобрите плажи на Халкидики наградени со сино знаменце заради квалитет и чистота, како Ливрохио и Лагониси Бич. Ако возите 10тина км подолу ќе стигнете до Вурвуру, мало фино место познато по најубавата Кариди Бич, оттука исто така може да изнајмите бротче и да го посетите блиското острово лоцирано отспротива, Диапорос, на кое исто така има неколку фини плажи.

Ако појдете надолу, јужно од Никити ќе ги откриете некои од најсликовитите плажи на Ситонија. Прва е спектакуларната Агиос Јоанис лоцирана на само 3км од Никити, малку подолу ќе стигнете до Ковиу Бич, потоа Калогриа итн. Плажите на Ситонија се која од која поубави, уникатни и впечатливи секоја на свој начин, на Вас е да одберете која ќе стане вашата омилена.

И додека се размислувате каде да уживате следното лето, ние сме тука да Ви помогнеме во изборот, имаме одлична понуда за Вас за Лето 2019, Вила Никити Беј во продажба, сите детали околу понудата може да ги разгледате тука.