При избор на дестинација за одмор многу нешта се потребни да бидат преставени вистински какви што се. Согласно планираниот буџет одвоен за одмор, на секој од нас очекувањата ни се да се постигне најдобрата понуда по најповолна цена. Во денешно време информациите се достапни на повеќе места, како најголем извор интернетот, за поголемиот број на хотелски сместувања и апартмански сместувања. Со толку голем број на сместувачки капацитети (Хотели, Мотели, Вили..) изборот знае да стане напорен, па поради тоа потребно ни е секогаш искуството на некој друг кој веќе го посетил тоа место или сместувачки капацитет, како би можеле да го потврдиме она што нам ни е потребно и делумно да се решиме. Во овој текст согласно нашето искуство ќе се обидеме да Ви помогнеме да ги дефинирате клучните моменти, од значајна улога, при изборот на некоја дестинација и сместување.

1. Секогаш е подобро да се резервира/купи аранжман во туристичка агенција од матичната земја каде живеете. Отколку на интернет од странска туристичка агенција или по пристигнување во самото туристичко место.

2. Турисчките консултанти се од огромна важност. Во некој случаи повеќе и од самите туристички агенции.

Untitled-1

3. Сликите од местото и сликите од хотелот се секогаш подобри на Фотошоп. Но оние кои се сликани од лица кои го посетиле сместувањето се реалните.

4. Не секогаш големите и скапите хотели се сигурност за квалитет. Секогаш треба да се проверуваат собите, зашто се разликуваат во цената, а се лоцирани во истиот хотел.

Pogled

5. Имајте во предвид дека хотелите со текот на времето се реновираат. Не секогаш лошото искуство од ланската година е вистинското.

6. Секој има различен вкус. Најчисто море имаат камените плажи !

7. Некогаш сместувањето во студиа и апартмани на крајот на одморот може да чини како престој во луксузен хотел.

Centar

8. Патот со авион на подалечна дестинација може да биде пократок временски од патот со автобус на поблиска дестинација.

9. Раното букирање е најдобар начин да заштедите. Чекање Last Minute програми може да Ве донесе во ситуација, кога нема ништо слободно во ниту еден хотел за Вашиот период. Добрите аранжмани се продаваат преку Early Booking акции, а не Last Minute.

10. Колку повеќе патувате преку една агенција толку повеќе внимание, вистинска посветеност и почитување Ви следуваат. Неколку евра поефтино незначи ништо во споредба со вистинската консултација и правата насока за Вашето патување.

11. Секогаш проверувајте ги Вашите пасоши пред поагање од причина бидејќи при патување во државите на ЕВРОПСКА УНИЈА, пасошот мора да биде валиден најмалку 3 месеци од планираниот датум, на враќање, за Р.Турција валидност на пасошот мора да биде најмалку 60 дена од денот на влегување во земјата, за патници кои патуваат во Египет и ОАЕ валидност на пасошот мора да биде најмалку 6 месеци од денот на влегување во земјата. Сите овие информации може да ги добивате од Вашите туристички консултанти.

Bazen

12. Патничкото осигурување имајте го секогаш при напуштање на земјата. Симболична сума која може многу да се исплати. Никогаш не се знае.

13. Имајте во предвид дека туристичките агенции соработуваат мегу себе. Доколку за еден ист аранжман прашувате во секоја поединечно може кога ке се решите веќе да биде зафатен.

14. Туристиччките консултации се бесплатни. Дозволете искусни туристички консултанти да Ви асистираат при изборот на Вашата одлука, од нив можете да добивате одговор на сите Ваши прашања согласно патувањето, доколку не е така променете го Вашиот консултант.

Ова се само дел од подточките кои ги издвоивме. Секогаш кога Ви е потребна консултација, асистенција при изборот на дестинација или тип на сместување нашите туристички консултанти со желба чекаат да ја обават својата должност, преку нивна асистенција Вашето изразено задоволство од реализираното патување. За секогаш задоволни клиенти е наша цел, која неуморно ке се трудиме да ја постигнеме.