Постојат неколку начини за разглед на градот Истанбул, меѓу кои панорамски, вклучен скоро во секоја програма на организирано групно патување, пешачки разглед или разглед преку крстарење по Босвор.
Индивидуалниот разглед од овој текст го започнувам од станицата Аксарај користејки ја трамвај рутата Т1.

Кај станицата Бајазит – Капаличарши лоциран е еден од најстарите и најголемите затворени пазари. Составен од неколку објекти со повеќе влезови и околу 3.000 продавници распослани мегу големиот број на тесни улички, Капали Чаршија (бр. 1 мегу светски најпознати туристички атракции ) e место каде ќе Ве пречекаат најразличните мириси од сите видови на зачини, па се до големиот избор на накити, керамика и теписи од висок квалитет. Kарактеристично за овој дел е ценкањето, но внимавајте по постигнување на цената која ја посакувате ќе мора да го купите избраниот производ.

На плоштадот Бајазит од главниот влез на Капали Чаршија се наога Истанбулскиот универзитет. Започнува со воведување на модерни курсеви по физика па се до прераснување во универзитет каде се изучуваат медицина, право, математика, хемија, физика, литература и теологија. Прераснува од Медреса до Дарулфунун, а денес познат како Истанбулски универзитет.

İstanbul_Üniversitesi

По метрото Т1 од станицата Бајазит – Капаличарши на неколку минути е станицата Султанахмет овде е лоцирана и Џамијата Султанахмет. Откако е остранет дел од амфитеатарот, за да се создаде простор, над основите од царскиот дворец во Константинопол е изградена, како резултат на воените неуспеси во Персија за време на султан Ахмет 1, Џамијата Султанахмет или како што е позната, поради сините наслови кои ги украсуваат ѕидовите во внатрешноста на овој објект, сината џамија. Огромен број на туристи и верници кои го исполнуваат надворешниот дел, пред да влезат задолжително треба да ги соблечат или обвиткаат своите чевли со заштитни кеси, како би можеле да престојуваат во молитвениот простор во внатрешноста на овој храм.

На неколку метри се наога Византинското ремек дело на Императорот Јустинијан кое го воодушевува секој посетител. Како што го минуваме влезот на овој објект, каде се лоцирани фотографии кои го отсликуваат развојот низ времето, ќе не пречека огромен простор со мистична тишина над нашите глави, каде може да се забележи влијанието на муслиманската религија преку испишаните слова поставени на секој агол. По скалите на повисокиот кат поради феноменално изработените мозаици, кои ја преставуваат христијанската вера, може да се разбере причината зашто таков импозантен објект, кои некогаш служел како храм на двете најголеми религии во светот, денес е музеј и место на туристи од целиот свет.

AYA_Sophia2012.33

На неколку метри од Аја Софија во подземјето е местото на некогашната базилика изградена околу крајот на III век, а подоцна цистерна, со цел да го снабдува градот со вода во случај на окупација. Нејзината специфична градба Ве тера да помислите дека целиот град е поставен на нејзините столбови, на кои е изразена коринтската и јонската архитектура. Меѓу нив е и најпознатиот наречен медуза.

Во непосредна близина е и Старата палата на султаните поставена меѓу прекрасна природа со единствена панорама кон Мраморното море и Босфор. Топ Капи палата која во себе ја содржи целата историја опишана преку желбите за моќ и слава на султаните кои генерациски се менувале за кои само дел е прикажан во расказите и сериите добро познати во нашата земја.

topkapi-palace

Од станицата Гулхане или Сиркечи може да се продолжи по трамвај рутата Т1 или од станицата Еминону , која е на самиот почеток од мостот Галата, и нуди единствени вкусови на улично подготвена риба. По минување со трамвај или со пешачење по мостот Галата кој секако мора да го поминете за да пристигнете од другата страна на Истанбул ќе Ве дочека познатата кула изградена во XIV век кулата Галата. За да го видите целиот Истанбул со сите негови страни. Потребната висина која ќе Ви дозволи тоа да го остварите, а места каде може да направите целосна панорама на овој град се кулата Галата, 360 Истанбул и за да уживате во погледот додека ручате или вечерате во Микла Ресторанот.

karaky-and-galata-tower-istanbul-turkey

На неколку минути пешачење е почетната станица Каракој од рутата Т, меѓу најстарите железнички системи во светот. Превозот со вагоните кои го рефлектираат изгледот од тоа време овозожуваат за 90 секунди да минете околу 600 метри и да излезете на главната улица која води до плоштадот Таксим односно “Istiklal Caddesi”.

Во линија подредените кафулиња, ресторани, бутици и народот кој не опкружува, го прават овој дел различен од сите останати, добро познат како модерениот Истанбул.

03-istanbul-streetcar_24470_600x450

По завршување на прошетката излегуваме на плоштадот Таксим. По рутата F1 за помалку од 3 минути ќе пристигнеме во местото Кабаташ. Последното место на посета од овој индивидуален разглед. Од Кабаташ по кратко пешачење не пречекува познатата модерна палата на султаните составена од Отоманска, Барокна, Рококо и Неокласична архитектура Долма Бахче. treasury_gate__dolmabahce_palace__turkeyОва гламорузно здание, кое служело како административен центар во доцната отоманска империја, изградено искористувајќи околу 14 тони злато, 40 тони сребро и наместо стакло во поголемиот дел бил искористуван кристалот, со својата впечатлива архитектура и историја каде секој посетител се восхитува со посебен респект, е меѓу 10 – те места кои мора да се посетат во Истанбул.

Напишано од: Трајан Дренковски