За време на летниот престој во Анталија како дополнување на сонцето, песокот и морето, на гостите им стојат на располагање бројни факултативни излети интересни за посета, дали преку организирани патувања со стручни водичи или како индивидуални посети и разгледи. Во продолжение издвојуваме и опишуваме некои од нив;

Џип Сафари – да се ужива во недопрената природна убавина на Турција преку посета на реката Димчај, бројните водопади, плантажи од портокали, банани, лимони и маслинови насади. Запознававање на типичниот изглед на турски куќи, распослани по планината Таурус, одмор во едно од најубавите места на Аланија, ручек во оазата на мирот и недопрената природа на реката Дим и можност за единствена панорама кон градот Аланија.

FK JEEPSF

Демре – Задолжителна факултативна екскурзија за време на Вашиот престој во Анталија. Започнува со интересен и содржински исполнет разглед, бродско крстарење од местото Кекова. Покрај својата природна убавина Анталија е позната и по подводните остатоци од древниот град, кои бил потопен со вода за време на земјотресот во вториот век пред нашата ера. Во овој излет е вклучена и посета на еден од најубавите брегови на Анталија. По ручекот се посетува местото Демре лоцирано на местото каде некогаш бил античкиот град Мира. Специфичните остатоци од амфитеатарот и ликијските гробници ја најавуваат вистинската магија од ова место, црквата Св. Никола.

demre-turkey

Делфин Шоу – Единствено и неповторливо искуство, претстава исполнета со забавни игри изведувани од страна на овие прекрасни животни. Преку скокање, игри со топки, пеење и други ативности, делфините несомнено проникнуваат возбуда и радост кај секој присутен. По завршување на преставата сите заинтересирани гости имаат можност за дружба со пријателски расположените делфини, со помош на високо квалификувани инструктори преку игри и забава на само еден чекор од овие шармантни суштества.

DOLPHIN SHOW

Рафтинг – Уште една можност за запознавање на природната убавина на Турција. Во придружба со добро обучени, искусни и професионални инструктори. По запознавањето со основните информации и услови за текот на турата, присутните се распределуваат во чамци од 6 – 12 лица. При влегување во чамецот, мирната околина, мистичната тишина, шумот од дрвјата и лицата на присутните укажуваат на чувството на нестрпеливост, кое за кратко време, дивата река го променува во возбуда на високо ниво, авантура исполнета со адреналин, вода и сонце. Паузата за ручек покрај обалата на реката во овие убави делови и можноста за капење во екстремно чистата вода совршено го обликуваат овој излет во целост за да биде оправдано еден од најпосетуваните за време на летниот престој.

rafting antalya manavgat

Фаселис – Целодневен излет од Кемер до Фаселис со посета на три острови. Едно од најпопуларните места за нуркање поради чистото море и топлата вода, составено од неколку мали острови во близина на местото Текирова на 45км од градот Кемер. Излетот овозможува релаксација на убавите турски бродови “ GULLET” во кристално чистото море со прекрасен поглед кон залезот према планината Таурус. Фаселис е место исполнето со бујна борова шума, зеленило и убави плажи во комбинација со остатоците од древниот град, марината, римскиот амфитеатар … Ручекот за време на овој факултатиен излет се послужува на брод.

Antalya-Phaselis-Örenyeri-ve-plajı-6

Огнот на Анадолија, Трој Шоу –Уникатен проект со танцувачки преформанси од преку 3000 танцувачки преобразби, универзална порака за мир преку спојот на источната и западната култура, средба на цивилизации, содржина проникната од богатата човекова култура и митологија, со изобилство на традиционални фолклорни елементи за едно вистинско уживање на очите и душата.


[su_row]
[su_column size=”1/3″]

LAST MINUTE CASOVNIK

LAST MINUTE !!! НЕВЕРОЈАТНИ ЦЕНИ !!!

[/su_column]
[su_column size=”1/3″]

Турција Аранжмани

Турција Дестинација за Целата Година

[/su_column]
[su_column size=”1/3″]

news-plus-icon

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛОСНАТА ПОНУДА ЗА АНТАЛИЈА – Лето 2015

 [/su_column]
[/su_row]