Ќе се сложиме повеќето дека Венеција е навистина убава во било кој период од годината. Секако секое годишно време си носи свои предности и мани, ама ајде да видиме зошто ДА за посета на Венеција на Есен. Времето во овој период од годината не е толку топло како за време на летото, а и гужвите се помали. Во овој период од годината во Венеција има интересни фестивали и настани, а просечните врнежи на дожд даваат одлична можност да уживате во заносните сценографии во Градот на Мостови и Канали во некој од бројните вински барови (т.н. bacari) со чаша одлично италијанско вино.

Доколку сте на размислување кое е вистинското време да ја посетите Венеција, еве ги овој пат аргументите кои одат во корист на Есента;

Време

Летото да, е пријатно и топло, но знае да биде и премногу топло, а во Венеција тоа значи и доста спарно, особено тоа се чувствува долж нејзините тесни улички кои на лето се со најголема концентрација на туристи. Септември од друга страна е се уште убаво и топло, но сепак погодно за порелаксирани прошетки низ градот, нема да мора константно да ја барате онаа страна од уличките каде што има сенка. Е Октомври е веќе посвеж (понесете си секако јакна или наметка) со малку повеќе дождливи денови од претходно, но се уште доволно сонце и сино небо, одлично за уживање во најдоброто изгрејсонце или зајдисонце (во зависност од Вашиот момент).  Просечните дневни температури во Октомви се движат до 18°C а ноќните се околу 10°C. Свежината во овој период ги прави прошетките и движењето низ градот попријатни и порелаксирани. Ноември е веќе поладничок и може веќе да си понесете есенско палто а и чизми. Во овој период од годината може да имате можност да уживате во една поинаква, мистична и магловита Венеција, кога се маглата се спушта врз венецијанската лагуна и дава речиси мистичен карактер интересна за фотографирање.

Гужва

Бројот на туристи во овој период од годината е преполовен, што значи помалку гужви и порелаксирано движење низ градот. Октомври и Ноември се брилијанти за посета на Венеција, зошто?! Затоашто летните туристи веќе си заминале, а божиќните гужви доправа ќе дојдат. Септември и раниот Октомври во Венеција знаат да бидат се уште “поживи” и со поголем број на туристи (сепак ова е Венеција), но повторно значително порастеретени од високата фрекфенција и посетеност од страна на туристите за време на летото.

Настани и фестивали

Календарот на настани и фестивали во Венеција има особено квалитетен карактер токму во есенскиот период. Прва на ред е Историската Регата (на крајот од летото, во првата Недела од Септември) која вклучува парада од историски бродови и трки долж Големиот Канал. Потоа на ред доаѓа Sagra del Pesce, рибарски фестивал кој се оддржува на остовчето Бурано, (третата недела од Септември), потоа доаѓа Sagra del Mosto, прослава во чест на првото вино во лагуната на островчето Св. Еразмо (првата недела од Октомври) , па на ред доаѓа Festa della Madonna della Salute, која секоја година традиционално се оддржува нa 21ви Ноември кога процесија минува долж привремениот мост од Сан Марко до Салуте. Исто така во овој период од годината има доволен број на настани и изложби кои се во склоп на Венецијанското Биенале, славење на Уметноста и Архитектурата.

Храна и вино

Есента е време на жетва, така што ако сте тука во овој период од годината ќе имате можност да се насладувате во изобилството од свежи и вкусни производи поставени скалесто едни над други на Пазарот Риалто (и ова кај нив е своевидна уметност, зар не?!) Пробајте ако имате можност рижото со вргањ, класичен венецијански оброк.

Есента е време кога се бере грозјето, а регионот Венето под чии што рамки спаѓа Венеција, таа е воедно и нејзин главен град е еден од најпознатите региони во Италија по производство на вино, какво код и да е, бело, црвено или пенливо. Ако сте посреќни да имате повеќе време за престој во Венеција, топло препорачуваме есенски прошетка низ селските лозја (особено во Октомври, кога листовите се обоени во златна боја). И секако, поладното време е вистинското време (особено приквечер) да се разглалите себе си со една голема шоља богато, густо, топло чоколадо, кое што верувајте ќе Ви дојде одлично по еден ден исполнет со прошетки и разгледи низ убавата Венеција.

Доколку мислата за помирни канали и мистични бои на венецијанската лагуна Ве стави на искушение, Ве покануваме да дојдете со нас на нашата следна есенска прошетка до Венеција во чест на продолжениот викенд за 11ти Октомври.

11ти Октомври 

FIRST MINUTE Попуст

 – 135 €- 

 – од 99 €- 

Повеќе