Недалеку од Загреб на неполни 2 часа возење и цирка 130км оддалеченост е лоциран најубавиот помал град во континентална Хрватска, градот Дарувар. Комбинацијата од зеленило и урбана архитектура, термо-минерални извори, културолошка различност и плодната почва за одгледување на винови лози се причината поради која градот го носи овој горделив наслов. 4 златни, 2 сребрени и 1 бронзено признание добиени од страна на Хрватската туристичка заедница се само потврда за истото.

Благородничко лековито одмаралиште

Дарувар има долга традиција повеќе од 2 века на познат Велнес и СПА центар. Тој уште во античко време бил значаен СПА центар, во римско време се здобива со епитети на квалитетно и познато патрициско, односно благородничко место за одмор така наречено Aquae Balissae или во превод “многу силен извор“. Во врeмето на Турците, Дарувар бил важна стратешка точка, подоцна станува и трговски центар, а најголемиот подем градот го доживува во времето на грофот Јанкович кој всушност се смета за основоположник на денешниот негов изглед, период во кој градот е трансформиран во центар за занаетчиство и трговија.

Еден од клучните адути на атрактивната понуда на Дарувар се неговите Даруварски Топлици. Дарувар е познат по своите извори со топла, термо-минерална и лековита вода. Овие води отсекогаш се користеле за лекување и рехабилитација во овој крај како и за релаксациони бањи и пијалоци токму заради својата лековитост.

Манифестации

Градот е горд на своите традиционалните годишни манифестации кои се вистинско уживање за посетителите и тоа; Винцеково (отварање на сезоната и работата на лозјето), Винодар (најзначајната 7- дневна манифестација во градот на лозарите), ФЛИГ (меѓународен фестивал на плех музика), 10 дена Астрономија во Дарувар, Пивофест, Денови на ракија во Сирач, Фестивалот Маска (театарски фестивал за најмладите), Мартиње (церемонија на кршевање на виното), Божиќен саем и ред други.

Јулиевиот парк

Јулиевиот парк во Дарувар е еден од најстарите јавни лечилишни паркови во континентална Хрватска. Паркот поседува стилска градина со барокни елементи и како таков е заштитен. Во склоп на паркот се наоѓаат градби од 18от и 19от век, бројни бањи и вили кој го надолнуваат неговиот севкупен лековит карактер.

Настанок на името Дарувар

Дали знаете дека името Дарувар на унгарски значи Ждралов град. односно Жеравовиот град (дару=ждрал-жерав, вар=град) ? Интересна е приказната врзана за називот на градот Дарувар. Имено, по прогонот на Турците кон крајот на 17от век, подрачјето на регионот на денешен Дарувар потпаднало под власта на Австрија, сè така до средината на 18от век, кога населбите Подборје, Сирач и Пакрац ќе ги купи грофот Антун Јанкович -Даруварски. Јанкович го менува хрватското име на населбата Подборје во Дарувар со значење Жеравовиот град на унгарски јазик или попрецизно Жеравовиот дворец, по велелепниот дворец кој грофот го изградил тука кон крајот на 18от век. Кралицата Марија Терезија му дала потврда на грофот за неговото племенско наследство и придавката  “de Daruvar” односно даруварски заради жеравот кој го имало на неговиот фамилијарен грб. Интересна е неговата положба, жеравот е свртен кон десната страна со подигната нога, претставувајќи ја неговата стражарска улога и постојана будност. И природно, бидејќи Антун Јанкович е заслужен за денешниот изглед на градот Дарувар, симболот на грбот на градот е секако жерав!

Римска парк шума

Доколку сте во Дарувар не пропуштајте да го посетите Julius Brum односно Јулијевиот извор наречен уште и Изворот на Љубовта. Според преданието се вели дека секој случаен патник, минувач кој ќе се напие малку вода од овој извор, ќе се заљуби  😍 Препорачуваме посета и на поучната стаза на Римскиот парк шума, која содржи 19 поучни табли на кои се опишани природните, еколошките и културно-историските знаменитости на овој крај. Стазата е долга 2км, а потребен е отприлика 1 час за една пријатна прошетка долж неа.

Дворецот Јанкович

Архитектурата претставува незаобиколен дел од даруварските атракции. Најпознатата даруварска градба, е секако дворецот Јанкович. Дворецот е изграден во 18от век од стана на грофот Антун Јанкович и се наоѓа во самиот центар на градот. Дворецот има 60 соби и голема градина. За него познатиот истражувач и патеписец Фридрих Вилхелм ќе каже дека е тоа е најубавиот дворец во целото кралство. Дворецот заради своето значење, денес е заштитен споменик на културата на Република Хрватска од 1 категорија и една од највредните барокни градби во Бјеловарско-билогорската жупанија.

Богатата и занимлива туристичка понуда на Дарувар на чекор поблиску до Вас со разгледување на нашата програма за 8ми Декември во Дарувар тука.