Во чест на престојниот празник Велигден, Ви нудиме едно блиско, но поинакво тематско патување. На само неколку часа возење од Скопје, започнува нашето Велигденско патување во Солун, Пиериа и Метеори. Во продолжение ги опишуваме само накратко местата од интерес кои се составен дел на ова патување.

СОЛУН

Вториот по големина град во Грција и главниот град на регионот Македонија, градот Солун е секако омиленото место кај нашите туристи било за шопинг, кафе покрај море, гиро или вкусни топли пити за појадок. Меѓутоа за оние повеќе љубопитните, градот крие многу повеќе од своите главни знаменитости како Белата Кула, Виа Игнациjа, плоштадот Аристотелис, црквата Свети Димитрија… Градот е дом на бројни византиски споменици кои денес заради своето непроценливо богатство се дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Crkvite vo Solun2

Во чест на христијанскиот празник Велигден, препорачуваме посета на барем некои од нив; митрополитската црква “Св. Григориј Палама”, “Аја Софија” – еден од најимпресивните примери на византиските храмови, “Св. Богородица Неракотворна” – еден од најстарите христијански храмови во Грција, “Бакарната Црква” лоцирана во срцето на историскиот дел на градот, “Св. Илија”, католичката црква посветена на “Св. Апостоли” или секако црквата „Св. Димитрија“ која е најпознатата и најзачајната од сите.

MAPA CRKVITE VO SOLUNСите се лоцирани на пешачка дистанца од центарот на градот и лесно достапни за посета, консултирајте го Вашиот водич да Ви помогне како да дојдете до нив.

ПИЕРИА

Земјата на боговите Пиериа, денес е една од регионалните области во Грција под рамките на регионот на Централна Македонја. Го опфаќа тесниот приморски појас по должината на заливот Термаикос, од утоката на Пенеј на југ, до устието на Халијакмон (Бистрица) на север, па се до митската Олимп на запад.


Позната е како света област и како татковина на музите. Главниот град е Катерини, а останати позначајни градови, места се Дион, Пидна, Платамона, Литохоро, Олимп, клисурата Темби со Св.Петка и др. Регионот се карактеризира со бујна вегетација, високи врвови и прекрасни песочни плажи.

За време на летната сезона бројни туристи гости уживаат во некој од бројните апартмански и хотелски капацитети долж олимписката ривиера.

Олимписката ривера покрај широките плажи кои се простираат во должина од над 70км и се вистински пример за чиста природна убавина, се надополнува со неколку градови, села кои се вредни за посета за време на целата година, а некој од нив особено интересни за посета за време на Велигденските празници.

ОЛИМП и ДИОН

Планината Олимп, највисоката планина во Грција, и втора највисока планина на Балканот. Лоцирана е на границите помеѓу регионите Тесалија и Македонија, и помеѓу перфектурата Пиериа и Лариса, околу 80км југозападно од Солун.

20130429135730olympos7

Олимп бележи 52 врвови, длабоки клисури и исклучително разновидни биолошките форми. Највисокиот врв е Митикас или во превод нос, истиот се издига на 2.917м н.в. и е еден од највисоките врвови во Европа. Олимп има значајно место во грчката митологија, таа е домот на 12те олимписки богови, на врвот Митикас. Светиот град на Македонците Дион е сместен во подножјето на планината Олимп и денес престставува значајно археолошко наоѓалиште.

20130905212711archaia_dion15

Античкиот град името го должи на врховниот бог од грчката митологија Зевс (Dios, “of Zeus”) кој е главен на сите богови кои живееле на планината Олимп. Дион е местото каде кралевите правеле раскошни жртвувања со цел да ја прослават Новата Година според македонскиот календар на крајот на септември. Тука исто така се оджувале пролетни обреди за прочистување и богати победнички гозби. Интересен за посета е археолошкиот музеј со богата колекција на артефакти.

ЛИТОХОРО, ТЕМБИ И АГ. ПАРАСКЕВА

Малото планинско градче Литохоро е сместено во падините на митската планина Олимп. Од тука, поаѓаат повеќето планинарски групи кон врвот на Олимп.

litohoro

Во близина на планинарскиот дом може да уживате прекрасна панорама врз митскиот регион. Градот е интересен за прошетка долж неговите стрмни улички, тука, може да купите некоја убава домашна ракотворба како сувенир или пак да земете здив во некоја од локалните таверни. Kлисурата Tembi и црквата Agia Paraskevi (Св.Петка) се посета која ќе Ви донесе малку мир во душата од бурното секојдневие.

tempi 2Тука минува реката Пиниос дополнувајќи ја убавата сликата на богатото зеленило, додека пештерната црква посветена на заштитничката Св.Петка е секако најголемиот мотив кој ги привлекува мноштвото посетители и верници на поклонение.

Во непосредна близина на Литохоро е и женскиот манастирски комплекс посветен на Св. Ефрем. Неговата импресивна архитектура и градини постојано се надградуваат и збогатуваат под ингеренциите на Игуменијата и останатите монахињи кои живеат тука.

Sv. Efrem (Paralia)

Комплексот ужива прекрасна панорама врз митскиот регион, а неговата колоритност несомнено може да освои сечие срце.

МЕТЕОРИ

На отприлика 2.30 часа возење од Паралија и Олимпик Бич се наоѓа христијанскиот феномен Метеори. Ведар, мирен, спиритуален, магичен, мистичен, неверојатен, зачудувачки, извонреден, инспиративен, импресивен… се само неколку зборови кои луѓето често ги користат во обид да го опишат феноменот Метеори. Патувањето до Метеори претставува единствено искуство насликано негде помеѓу еднаквоста на Величенствената Мајка Природа и Божественото.

METEORI 2

Уште од раното христијанско доба вертикалните карпи Метеори, се третираат како совршено место за да се постигне изолираност, да се открие мирот и хармонијата и на тој начин да се оддржи севремениот човечки стремеж за спиритуално издигнување. Метеори претставува особено свето место за Христијаните од целиот свет, своевиден аџилак за бројните поклоненици.
Гигантските карпи на Метеорa се сместени над градот Каламбака на максимална височина од 400м. Најинтересните карпести врвови се декорирани токму со историските манастири, кои денес заради својата непроценлива вредност се дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Повеќето од манастирите се со потекло од XIV и XVI век и од првичните 24, само 6 условно кажано преживеале низ времето. Манастирите се главно изградени од монасите кои претходно биле испосници во оваа област и живееле испоснички живот во пештери. Кога истите се соединиле и здружиле им биле потребни месеци и години за да ги однесат сите тие градежни материјали до врвовите на карпите. За оваа цел тие користеле различни реквизити од јажиња, скелиња, мрежи и корпи, многу снага и труд, но пред и после сè тие секогаш се воделе од добрата волја и желбата да создат духовен храм на Христијанството, во што несомнено успеале.

Манастирите:
Megalo Meteoro – највисокиот и најголемиот од сите. Основан во 1340 год од страна на Св. Атанасиос Метеоритис. Кулата од 1520 год денес работи какo фолклорен музеј со богата фолклорна колекција на артефакти.

megalo

Agios Stefanos – манастирот слави двајца основоположници, Св. Антонио и Св. Филотеос. Датира од првата половина на XV век. Во црквата Св.Харалампие денес може да се погледне импресивно црвено наследство: скрипти, пост византиски икони, изработки од злато, резба, сребрени предмети итн.

st stephen

Varlaam – според записите датира од XIV век и е прво населен од монахот Варлаам. Специфичен по бројните фрески насликани од страна на Fragko Katelano во 1542 год. На крајот на XVI век најорганизираната библиографска лабаротирија на манастирите била тука.

varlaam-5
Agia Triada – сместен на имресивна карпа, според скриптите води потекло уште од 1362 год. Цркавата која може да ја видиме тука денес е од 1476. Карактеристичен е фолклорниот музеј со богата селекција на стара облека, инструменти, алатки и други фолклорни предмети

agia triada
Roussanou – изграден во 1529 врз руините на постара конструкција. Фреските кои го покриваат најголемиот дел од црквата тука припаѓаат на Критската Уметничка Школа.


Agios Nikolaos Panausas – изграден на повеќе нивоа, лоциран во близина на селото Кастраки со потекло од XIV век. Неговите фрески се најстарите регистрирани слики на Теофанис од Крит и ги имаат на себе сите карактеристики на славната Критска Уметничка Школа.

san nicolaus anapafsas

Доколку сакате да ги посетите овие места за Велигден погледнете ја нашата понуда и искористете ги попустите за рана резервација.